Најголем спонзорски пакет во историјата на фудбалот – Спотифај и Барселона


Среде сериозните проблеми во САД во врска со најпопуларниот подкаст Џо Роган, Спотифај (Spotify) доаѓа во центарот на медиумското внимание во сосема поинакво светло.

Според каталонското радио Rac1,  Spotify потпишал спонзорски договор со фудбалскиот тим Барселона вреден 280 милиони евра во следните три години, пренесува Ројтерс.

Логото на оваа компанија ќе се најде на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона, а медиумите наведуваат дека ова е најголемиот спонзорски пакет во историјата на фудбалот.

Дополнително, Spotify треба да добие право да го смени името на стадионот „Камп Ноу“ со овој договор.

Барселона никогаш не го промени името на својот стадион, а до 2006 година немаше спонзор на дресовите.

Првиот натпис на дресот на Барса го обезбеди УНИЦЕФ, а потоа Катар Ервејс и Ракутен (Вајбер).