Два олимписки рекорда – Нојс ја одбрани титулата во брзо лизгање


Холанѓанецот Кјелд Нојс ја одбрани титулата на олимписки шампион во брзо лизгање на 1.500 метри.

Нојс во Пекинг триумфираше со нов олимписки рекорд од 1:43,21 секунди.

Среброто го освои неговиот сограѓанин Томас Крол, кој претходно, исто така, го надмина досегашниот олимписки рекорд.

Нојс до златото стигна со 0,34 секунди предност пред Крол.

ДО бронза стигна Минсеок Ким од Јужна Кореа.