Сејдини: Ги постигнавме најдобрите резултати во историјата, тоа е нашиот правец и за во иднина


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно Генерално собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина. Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на …

Сејдини: Ги постигнавме најдобрите резултати во историјата, тоа е нашиот правец и за во иднина Read More »

Попович се запиша во историјата на НБА како тренер со најмногу победи


САД – Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович влезе во историјата на НБА, откако неговиот тим ноќеска ја совлада Јута во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 104:102. Со оваа победа, главниот тренер на Спарс, Грег Попович, стана водечки тренер на сите времиња во историјата на НБА. Седумдесет и тригодишниот Американец го доби својот 1336-ти …

Попович се запиша во историјата на НБА како тренер со најмногу победи Read More »

Тајгер Вудс примен во Куќата на славните голфери


САД- Неговите достигнувања му донесоа место во историјата на голфот и ни дадоа причина да се фалиме во негово име. Неговата импресивна листа на достигнувања вклучува пет победи на Мастерс, четири PGA шампионати, три Отворени првенства на САД и три Отворени првенства на Велика Британија. На 21-годишна возраст, тајгер Вудс стана најмладиот шампион на Мастерс …

Тајгер Вудс примен во Куќата на славните голфери Read More »

Енди Мареј стигна до меѓникот од 700 победи


  Со петочниот резултат 1-6, 6-2, 6-4 над Таро Даниел во Индијан Велс, Енди Мареј постигна нова пресвртница со 700 победи на АТП турнејата. Овој последен век на победи, постигнати во текот на седум сезони, можеби е најимпресивниот досега за 34-годишниот. И покрај неколкуте повреди, двете операции на колкот и стравувањата од предвремено пензионирање по …

Енди Мареј стигна до меѓникот од 700 победи Read More »

Манчестер сити и Халанд се договорија, трансферот се проценува на 100 милиони фунти


Англија– Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд и премиерлигашот Манчестер сити постигнале договор за соработка, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори во Германија. Според британскито медиум, Сити се договорил со 21-годишниот Норвежанец за трансфер на крајот од сезоната. Се истакнува дека обештетувањето за напаѓачот е 63 милиони фунти. Заедно со бонус за потпис и провизија …

Манчестер сити и Халанд се договорија, трансферот се проценува на 100 милиони фунти Read More »

Шредер веќе не е почесен член на ДФБ поради блискоста со Путин


Германија– Германската фудбалска федерација (ДФБ) го повлече денеска почесното членство на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер поради неговите тесни пријателски и бизнис врски со рускиот претседател Владимир Путин. – Рускиот напад на Украина е спротивен на меѓународното право и затоа е неспоив со нашите вредности. За жал, Герхард Шредер не ги прифати бројните барања за јасен …

Шредер веќе не е почесен член на ДФБ поради блискоста со Путин Read More »

Ѓоковиќ најави настап во Монте Карло


Србија – Носителот на 20. грен – слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, идниот месец ќе ги почне подготовките за одбрана на трофејот на Ролан Гарос со настап на тенискиот АТП Мастер турнир во Монте Карло. На Ѓоковиќ во јануари му беше забранет настап на Австралија Опен, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, а од истата причина …

Ѓоковиќ најави настап во Монте Карло Read More »

Од денеска билети за мундијалскиот бараж на македонските ракометари против Романија


Навивачите на македонската ракометна репрезентација од денеска можат да купат билет за мундијалскиот бараж против Романија што ќе се одигра в четврток во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19 часот. – Продажбата на влезници за натпреварот започнува денеска напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места …

Од денеска билети за мундијалскиот бараж на македонските ракометари против Романија Read More »

УЕФА почна истрага против претседателот на ПСЖ


УЕФА отвори дисциплинска постапка против претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келафи, поради непримерно однесување по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Реал во средата на „Сантијаго Бернабе“ го совлада ПСЖ 3-1 и ја надомести негативата од 0-1 од првиот натпревар во Париз со што обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи …

УЕФА почна истрага против претседателот на ПСЖ Read More »

Надал бара построга казна за Зверев


Шпанија- Рафаел Надал повика на построги санкции против играчите кои насилно се однесуваат кон тениските службеници во четвртокот по контроверзната условна казна изречена на Александар Зверев. Шпанската ѕвезда Надал изјави дека како пријател и партнер на Зверев, тој немал желба да види како германскиот олимписки шампион добива построга казна за неговиот насилен испад на Мексико …

Надал бара построга казна за Зверев Read More »

Основни училишта добија донација во фудбалски топки од ФФМ


 Фудбалската федерација на Македонија донираше вкупно 4.200 топки на повеќе основни училишта и клубови од Детската фудбалска лига. Донација во фудбалски топки за машки фудбал од ФФМ, како што е соопштено денеска, добија 76 основни училишта од целата држава, а на други 24 училишта им се донирани топки за развој на женскиот фудбал. Со донацијата …

Основни училишта добија донација во фудбалски топки од ФФМ Read More »

Британски милијардер заинтересиран за купување на Челзи


Британскиот милијардер Ник Кенди „активно ги разгледува опциите за да достави потенцијална понуда“ за купување на фудбалскиот клуб Челзи, објави сервисот Би-Би-Си. Според истиот извор, Кенди, кој е навивач на Челзи уште од дете, се обидува да формира конзорциум од повеќе странски инвеститори. – Секоја понуда би била дадена во соработка со конзорциумот. Господинот Кенди има голем …

Британски милијардер заинтересиран за купување на Челзи Read More »

„Знаевме дека мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Америка“


  Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе пропушти два Мастерс турнири до крајот на овој месец. Пред се Мастерсот во Индијан Велс, кој почнува денеска, а потоа и оној на Флорида, во Мајами, два турнира на кои во минатото имаше многу успех. Сега нема да биде во можност да освојува голем број бодови, што ќе се одржази …

„Знаевме дека мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Америка“ Read More »

Нема вакцина, нема Индијан Велс, ниту Мајами за Ѓоковиќ


Новак Ѓоковиќ изјави дека нема да може да се натпреварува на тениските турнири на тврда подлога во Индијан Велс, Калифорнија, или Мајами бидејќи е невакциниран и не може да патува во САД. 20-кратниот грен слем шампион во средата твитна дека Центрите за контрола на болести „потврдиле дека прописите нема да се менуваат, така што нема …

Нема вакцина, нема Индијан Велс, ниту Мајами за Ѓоковиќ Read More »

ПМФЛ: Македонија ЃП продолжи со победите


Македонија Ѓорче Петров го продолжи стопроцентниот ефект во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и со гостински триумф попладнево над Струга во рамки на 22. коло ја забележа четвртата последователна победа. Лидерот Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Ренова, додека Работнички во дерби на колото ја совлада на домашен терен …

ПМФЛ: Македонија ЃП продолжи со победите Read More »

Полска директно во финале на мундијалскиот бараж, Шведска гневна на одлуката на ФИФА


По искулучувањето на Русија од европските квалификации, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи денеска Полска директно да обезбеди пласман во финалето на мундијалскиот бараж, предизвикувајќи со тоа негативни реакции во Шведска. Полска требаше на 24 март да и гостува на Русија во полуфиналниот бараж, но рускиот тим беше исфрлен од натпреварувањето поради инвазијата на Украина. ФИФА …

Полска директно во финале на мундијалскиот бараж, Шведска гневна на одлуката на ФИФА Read More »

Ѓоковиќ во жрепката за Индијан Велс, но настапот неизвесен


САД– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е дел од жрепката за тенискиот Мастерс турнир во Индијан Велс, но, засега, сè уште не е јасно дали воопшто ќе настапи. – Новак Ѓоковиќ беше на списокот играчи, па затоа го ставивме во жрепката. Овој пат сме во контакт со неговиот тим, бидејќи не е јасно дали ќе може …

Ѓоковиќ во жрепката за Индијан Велс, но настапот неизвесен Read More »

ФИФА го одложи мундијалскиот бараж меѓу Шкотска и Украина за јуни


Натпреварот од Европските квалификации за пласман на Мундијалот во Катар меѓу Шкотска и Украина, што требаше да се одигра на 24 март, е одложен за јуни, одлучи организацискиот комитет на ФИФА, усвојувајќи го синоќа барањето кое на 3 март го испрати Украинската фудбалска федерација. Украинската страна во барањето до ФИФА наведе дека „во овие услови не се во можност …

ФИФА го одложи мундијалскиот бараж меѓу Шкотска и Украина за јуни Read More »

Мареј ја донира заработката за децата во Украина


Англија – Поранешниот светски рекет број 1, британскиот тенисер Енди Мареј, објави дека парите што ќе ги заработи од наградните фондови на турнирите на кои ќе настапи до крајот на сезоната ќе ги донира за Украина преку УНИЦЕФ. – Целата моја парична награда до крајот на годината ќе ја донирам. Меѓутоа, сите жители на Велика Британија, …

Мареј ја донира заработката за децата во Украина Read More »

Модриќ пред дуелот со ПСЖ: И двете екипи се под притисок


 Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. – Мислам дека притисокот е врз двата тима. Двата тима сакаат да одат понатаму. Прават сé за да ја освојат Лигата на шампионите. Ова покажува колку е тешко. Освоивме четири трофеи за пет години и …

Модриќ пред дуелот со ПСЖ: И двете екипи се под притисок Read More »