„Знаевме дека мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Америка“


 

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе пропушти два Мастерс турнири до крајот на овој месец.

Пред се Мастерсот во Индијан Велс, кој почнува денеска, а потоа и оној на Флорида, во Мајами, два турнира на кои во минатото имаше многу успех.

Сега нема да биде во можност да освојува голем број бодови, што ќе се одржази на негевиот скор на АТП листата, додека ривалите од врвот ќе имаат прилика да се одлепат од него или да му се приближат.

Како и да е, Џејмс Блејк, директор на Мастерсот во мајами вели дека им било јасно дека на Ѓоковиќ ќе му биде тешко да се појави таму.

„Од почетокот ни беше јасно дека учеството на Новак Ѓоковиќ на Мајами опен зависи исклучително од неговото рано доаѓање во САД, а беше јасно дека такво нешто е малку веројатно. За среќа, имаме неверојатно јака и талентирана група играчи кои учествуваат, па се надеваме дека ќе имаме одличен турнин“, рече Блејк.

Крис Видмаер, портпарол на Американската тениска федерација (УСТА), изјави дека организаторите на натпреваритево Инддијан Велс и во Мајами немаат друг коментар освен дека овие турнири се раководеле од упатствата на владата во врска во пандемијата од корона вирус.

Се верува дека Новак ќе почне повторно да игра во април, на Мастерост во Монте Карло.