Мареј ја донира заработката за децата во Украина


Англија – Поранешниот светски рекет број 1, британскиот тенисер Енди Мареј, објави дека парите што ќе ги заработи од наградните фондови на турнирите на кои ќе настапи до крајот на сезоната ќе ги донира за Украина преку УНИЦЕФ.

– Целата моја парична награда до крајот на годината ќе ја донирам. Меѓутоа, сите жители на Велика Британија, исто така, можат да ја поддржат хуманитарната акција на УНИЦЕФ така што ќе одговорат на нашиот повик за донации, објави синоќа трикатниот освојувач на грен – слем турнири.

Високиот комесаријат за бегалци соопшти вчера дека повеќе од два милиони луѓе пребегнале од Украина како последица на руската инвазија, а меѓу, според податоците на УНИЦЕФ, се наоѓаат стотици илјади деца.

– Повеќе од 7.5 милиони деца се наоѓаат во опасност поради ескалацијата на судирот во Украина и затоа соработувам со УНИЦЕФ за да можам да помогнам и испратам медицинска помош и да го помогнам развојот во раното детство, соопшти Мареј.