Модриќ пред дуелот со ПСЖ: И двете екипи се под притисок


 Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Мислам дека притисокот е врз двата тима. Двата тима сакаат да одат понатаму. Прават сé за да ја освојат Лигата на шампионите. Ова покажува колку е тешко. Освоивме четири трофеи за пет години и изгледа лесно, но всушност е обратно. Двата тима имаат многу ставено на коцка. Под ист притисок сме, двата тима се одлични. Ние сме најдобриот тим во историјата на фудбалот и затоа секогаш сме под императив да победиме, изјави Модриќ.

Натпреварот Реал – ПСЖ во Мадрид се игра утревечер со почеток во 21 часот. На средбата во Париз, ПСЖ победи со 1:0.