Почина Насе Насев
Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев почина денеска во Скопје по кратко боледување на 80-годишна возраст. Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше меѓу основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на локалниот клуб „Спартак“, а потоа и селектор на репрезентацијата во поранешна Југославија. …