Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024


Македонска репрезентација (Фото: Б. Грданоски)

Денеска, почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија на Националната арена „Тодор Проески“ од квалификациите за ЕП 2024.Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Продажбата на билетите, како што велат од ФФМ ќе биде исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко присуство на купувачите.

Натпреварот се игра на 9 септември со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Гостувањето на Италија во Скопје е во рамки на квалификациската група Ц за ЕУРО 2024 во која македонската репрезентација е на претпоследното, четврто, место со три бодови од исто толку натпревари.

Селекторот Благоја Милевски го објави и спосокот на фудбалери кои ќе се спротивстават на Италија на 9 септември, а потоа и на Малта на 12 септември.

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Одбрана: Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Јован манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Ахмет Иљазовски, Стефан Ашковски и Дарко велковски.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Аган Елези, Аријан Адеми, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Давор Здравковски и Љупче Дориев.

Напад: Илија Несторовски, Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Дориан Бабунски, Димитар Митровски, Мајран Радески, Маљон Етеми, Дарко Чурлинов.