Меси со рекорд на Копа Америка


Лионел Меси забележа уште едно достигнување во својата блескава кариера, соборувајќи го рекордот за најмногу настапи на Копа Америка, учествувајќи на турнирот по 35-ти пат. Бранителот на титулата Аргентина го започна овогодинешното издание на натпреварувањето со победата од 2:0 над Канада во првиот натпревар од групата А. Триесет и шест-годишниот Меси дебитираше за Копа Америка […]

Алкараз поразен во осминафиналето на турнирот во Квинс


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Квинс, бидејќи во осминафиналето беше поразен од Британецот Џек Дрејпер со 7:6 (7:3), 6:3. Натпреварот траеше еден час и 40 минути. Ова беше трет дуел на шпанскиоти британскиот тенисери, а прв триумф за Дрејпер кој во четвртфиналето ќе игра против […]

УЕФА отвори истрага против албанскиот репрезентативец Даку


Нион – Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави синоќа дека отвори истрага против албанскиот репрезентативец Мирилинд Даку во врска со националистичките скандирања против македонската држава по завршувањето на вчерашниот дуел на ЕВРО2024 меѓу Албанија и Хрватска. Даку, кој е роден во Косово, по завршувањето на натпреварот од второто коло во групата Б меѓу Албанија и Хрватска […]

ЕВРО2024: Шпанија ја совлада Италија и обезбеди осминафинале


Шпанија вечерва во Гелзенкирхен ја совлада Италија со 1-0 (0-0) во второто коло од групата Б на Европското фудбалско првенство. Шпанија со автоголот на Рикардо Калафиори во 55. минута дојде до втората победа во групата и се пласираше во осминафиналето на ЕВРО2024. Во првото коло двете селекции победија, Шпанија против Хрватска (3:0), а Италија против […]

ЕВРО2024: Англија и Данска одиграа нерешено


Еден од фаворитите за титулата Англија и на вториот натпревар на ЕВРО2024 одигра под очекувањата, ремизирајќи 1-1 против Данска вечерва во Франкфурт во рамки на групата Д. Англичаните дојдоа во водство преку капитенот Кејн во 18 минута, а Данска израмни во 34 минута со голот Хјулманд. Во завршното трето коло сите четири репрезентации во групата […]

ЕВРО2024: Србија во последниот напад извлече бод против Словенија


Репрезентациите на Србија и Словенија одиграа попладнево нерешено 1-1 во Минхен во натпревар од второто коло во групата Д на ЕВРО2024. Словенците беа на чекор до победа откако со голот на Камичник во 69 минута поведоа со 1-0 и беа во предност до завршните секунди од натпреварот кога Јовиќ по нафрлената топка од корнер со […]

РК Вардар ќе има нов извршен директор, Борко Ристовски се посветува на министерската функција


Предложениот министер за спорт во новата македонска влада Борко Ристовски денес се повлече од позицијата извршен директор на РК Вардар. Ристовски преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука. – Уште една сезона е зад нас во која успеавме да направиме многу позитивни работи. Успеавме да го стабилизираме нашиот РК Вардар, да се вратиме едно скалило […]

ФФМ бара извинување од албанскиот репрезентативец, Мирлит Даку


Од Фудбалската федерација на Македонија, изразија длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. „Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. […]

Осака, Радукану, Вознијацки и Кербер добија специјални покани за Вимблдон


Лондон – Тенисерките Наоми Осака, Ема Радукану, Каролина Вознијацки и Анџелик Кербер добија специјални покани за настап на овогодишниот Вимблдон. Организаторот вообичаено им доделува покани на играчи кои не се доволно високо рангирани за директно да се квалификуваат. Јапонката Осака, поранешна тенисерка број еден во светот и освојувач на четири грен слем титули, ќе се врати […]

ЕВРО2024: По бод за Швајцарија и Шкотска


Келн – Во натпреварот од второто коло во Групата А на ЕВРО2024 фудбалерите на Шкотска и Швајцарија ремизираа вечерва 1-1 (1-1), со што Швајцарците дојдоа многу блиску до пласман во осминафиналето. Шкотска поведе во 13. минута со голот на Скот Мектоминај, додека Швајцарија израмни на 1-1 со одличниот гол на Шаќири. Германија води во групата […]

Македонските ракометарки со победа стартуваа на јуниорското СП во Скопје


 Македонската женска ракометна репрезентација со триумф вечерва над САД од 32-15 го почна настап на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое денеска стартуваше во Скопје. Македонските ракометарки заминаа на полувреме со предност од 15-6, а во вториот дел им дозволија на противничките да постигнат само три голови и со убедлива победа да го […]

ЕВРО2024: Втора победа на Германија


Штутгарт – Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0. Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол. Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето. […]

ЕВРО2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург


Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024. Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен […]

УЕФА го избрка од ЕП косовскиот новинар кој ги провоцираше српските навивачи


Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството. УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите. Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“. […]

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година


 Раководството на  бундеслигашот Баерн Минхен и тренерот Томас Тухел се договорија за шема за исплата на пенали. Тренерот го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека на фудбалскиот стручњак ќе му бидат исплатени повеќе од 10 милиони евра. Според „Билд“, Тухел ќе добие околу 10 милиони евра. Но, доколку Томас […]

Американска пливачка постави светски рекорд


Американската пливачка Реган Смит постави нов светски рекорд за време на квалификацискиот натпревар за Олимписките игри. Турнирот се одржува во Индијанаполис. Таа 100 метри грбно ги исплива за 57,13 секунди. Претходниот рекорд го држеше Австралијката Кејли МекКеун, која патеката 100 метри ја исплива за 57,33 секунди во 2023 година. Дваесет и двегодишната Смит е трикратна […]

Ѓоковиќ ќе игра на Олимпијадата во Париз


Новак Ѓоковиќ ќе се натпреварува на Олимпијадата во Париз 2024 година, соопшти Олимпискиот комитет на Србија. Летово ќе биде негов петти олимписки настап, учествувајќи на сите Олимпијади од 2008 година. Ѓоковиќ (37) освои бронза на својата прва Олимпијада, но двапати го загуби натпреварот за третото место во неговите три настапи оттогаш. Во април, тој рече […]

Хали Бери го носeше олимпискиот оган во Кан


Додека светот со нетрпение ги очекува Олимписките игри во Париз и Параолимписките игри, патувањето на олимпискиот оган до градот на светлината продолжува да ја плени публиката ширум светот. Во вторникот, факелот се појави за време на Меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions во 2024 година, додека оскаровката Хали Бери ја предводи патеката по Кроазета во […]

Роналдо веќе постави два рекорда на ЕП 2024


Лајпциг – Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија. Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 […]

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка


Лајпциг – Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024. Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута. Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а […]