УЕФА го суспендира Даку два натпревара


 Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација. По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците.  Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло […]

Мареј ќе го пропушти Вимблдон поради операција на грбот


Лондон – Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти Вимблдон. Тој ќе закрепнува по операцијата на грбот. – За жал, Енди Мареј се повлече од Вимблдон по операцијата. Одмори и закрепни Енди. Ќе ни недостасуваш, велат од АТП на социјалните мрежи. Мареј е трикратен победник на Грен слем турнирите. Тој е единствениот двократен олимписки шампион […]

Реал Мадрид не е загрижен за скршениот нос на Мбапе


Мадрид – Реал Мадрид не е загрижен за скршениот нос на Килијан Мбапе. Според „As“, клубот ја разбира одлуката за одложување на операцијата на носот до крајот на Европското првенство и ја прифаќа мирно, без да поставува никакви барања ниту кон француската федерација, ниту кон фудбалерот.  Во Мадрид им веруваат на лекарите на францускиот тим, […]

Модриќ ќе стане капитен на Реал по заминувањето на Начо


Мадрид – Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ ќе стане нов капитен на Реал по заминувањето на дефанзивецот Начо Фернандез, објави новинарот Мигел Анхел Дијаз на социјалната мрежа Икс. Според Дијаз, десниот бек Даниел Карвахал ќе стане заменик капитен на мадридскиот тим. Претходно беше објавено дека Начо би можел да ја продолжи кариерата во клубови од […]

Белгија ја совлада Романија и се искачи на второто место во групата Е


Келн – Репрезентацијата на Белгија вечерва во Келн ја совлада Романија во натпреварот од 2. коло во групната фаза на Европското фудбалско првенство. Првиот гол на Белгијците го постигна Јури Тилеманс во 2. минута. Во 64. минута судијата го поништи голот на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку по интервенција на ВАР поради офсајд. Десет минути пред […]

Македонските кадетки петти на Балканијадата во одбојка


Македонската женска одбојкарска репрезентацина го освои петтото место на Балканско првенство за играчи до 18 години. Македонките денес во мечот за петтата позиција ја совлада соодветната селекција на Црна Гораo 3:2. „Црвено-жолтите“ Балканијадата ја завршуваат со две победи (Црна Гора и Албанија) и два пораз (Романија и Бугарија).

Со комичен автогол почна поразот на Турција – Португалците заслужено први


Репрезентацијата на Португалија ја совлада Турција со 0:3 во натпреварот од второто коло од групата Ф на Европското првенство. За Португалија погодија Бруно Фернандеш и Бернардо Силва, а автогол си постигна Самет Акајдин. Со овие три бода Португалија го обезбеди првото место во групата пред крајот на колото. Во последното коло ќе играат против Грузија. […]

Леао доби два жолти картона за симулација на два натпревари на ЕП 2024 и ќе го пропушти натпреварот со Грузија


 Рафаел Леао доби два жолти картони за симулација на два натпревара на ЕП 2024.  Во 39. минута од денешниот натпревар со Турција, португалскиот фудбалер доби жолт картон за симулација на фаул. Главниот судија на средбата Феликс Цвејер не дозволи да биде измамен. И на натпреварот од првото коло, против Чешка (2:1), Рафаел Леао падна во […]

Грузија и Чешка остануваат без победа и по второто коло на Евро 2024


Репрезентациите на Грузија и на Чешка одиграа нерешено 1:1 попладнево во Хамбург, во натпревар од 2. коло во Ф-групата. Избраниците на селекторот Вили Сањол го отворија резултатот од пенал преку Жорж Микаутадзе во 45+4 минута. Во вториот дел чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик го израмни резултатот. Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по […]

Одржан Балканскиот летен карате семинар и куп Неа Флогита 2024


Изминатите пет дена во Неа Флогита, Грција се одржа Балканскиот летен карате семинар и куп„ Неа Флогита 2024“ на кои учествуваа македонски натпреварувачи во традиционално карате. Победници по категории: Кадети-јуниори 14-16 години (кати) – Матеј Мангаровски Кадети-јуниори 14-16 г. (џ.и. кумите) – Ива Ромевска Деца 12-13 г. (кати) – Камелија Недев Деца 12-13 г. (џ.и.кумите) […]

Русите го казнуваат албанскиот фудбалер Даку кој ги навреди Македонците


Мирљинд Даку, репрезентативецот на Албанија, ќе се соочи со санкции и по враќањето од ЕП 2024. По мечот со Хрватска преку мегафон испрати навредливи пораки против Македонија, а поради тоа ќе биде казнет од неговиот матичен клуб Рубин од Казан. Иако Даку се извини по натпреварот, клубот реши да го санкционира неговото скандалозно однесување. „По […]

Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на Даку


 Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на репрезентативниот напаѓач Мирлинд Даку на Евро 2024 година. По ремито со Хрватска (2:2) во второто коло од групната фаза на турнирот, Даку преку мегафон од навивачите на Албанија упати псовки до Македонците и до Србите. – Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирлинд Даку, […]

ЕП 2024: Без победник во дербито помеѓу Франција и Холандија


Фаворитите од групата Д на ЕП 2024, Холандија и Франција, познати по напаѓачки фудбал, не постигнаа гол и се задоволија со стратешкото реми, забележувајќи го првото реми без голови на шампионатот во Германија. Во првото полувреме двете екипи имаа добри шанси за гол, кои не ги искористија, а најчистите шанси ги пропуштија Фримпонг и Гризман. […]

Бријаторе се враќа во Формула 1


Енстон – Поранешниот шеф на Рено, Флавио Бријаторе, ќе ја преземе советничката улога во Алпин и ќе се врати во Формула 1 по 14 години. Бријаторе е надвор од Формула 1 откако поднесе оставка како шеф на Рено поради неговата вмешаност во скандалот за Големата награда на Сингапур во 2008 година, кој беше откриен две години […]

Украина по пресврт до првите три бода на УЕФА ЕУРО 2024


Дизелдорф – Украина ја победи Словачка со 2:1 во нивниот втор натпревар од групната фаза на ЕП 2024 за да ги задржи живи шансите за пласман во следната фаза. „Жолто-сините“, кои го загубија првиот меч катастрофално со 0:3 од Романија, мораа да направат целосен пресврт со головите на Микола Шапаренко (54′) и Роман Јаремчук (80′) во […]

Примероците од водата во реката Сена засега не ги исполнуваат стандардите за олимписките натпреварувања


Примероците од водата во Сена засега не ги исполнуваат стандардите за Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз, изјави регионалниот префект Марк Гијом, но додаде дека тој се уште е убеден дека ќе бидат можни олимписки натпреварувања на вода. Тој изјави дека според примероците на вода од […]

Роберто Баџо претепан, ограбен и заробен!


Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо (57) преживеа „пекол“ додека го следеше ЕУРО. Во текот на кариерата Баџо играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша. За Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 гола. Многумина го гледаат како трагична фигура во финалето на Светското првенство во 1994 година со Бразил во пенали. Еден […]

Даку моли за прошка откако срамно ги навреди Македонците на ЕУРО


Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини откако ги навреди Македонците по мечот со Хрватска. По завршувањето на натпреварот со Хрватска (2:2), Албанецот роден во Гњилане истрча кон трибината на која се наоѓаа навивачите на Албанија и преку мегафон водеше срамно навивање против Македонците. Некои портали објавија дека тој ги навредувал и Србите на национална основа. […]

Французите му направија маска на Мбапе, но потоа дојде шок од УЕФА


Француските навивачи останаа шокирани по повредата на Килијан Мбапе на Европското првенство. Познатиот напаѓач го скрши носот на натпреварот. Првите прогнози не беа многу ветувачки, но тој успеа да се врати со помош на заштитна маска. Мбапе на тренинг се појави со маска во боите на Франција, но сигурно нема да го гледаме таков на […]

Вимблдон по 26 години без големата тројка на тенисот


Trojcata тенисери, Швајцарецот Роџер Федерер, Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ, беа број еден во нивниот спорт на различни возрасти. Со децении, барем еден од нив се натпреваруваше на секој турнир, а за љубителите на белиот спорт беше мелем ако барем двајца од нив се судрат со рекети. Сепак, оваа година постои голема веројатност […]