ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, прва победа на Вардар


Дербито во рамки на 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Шкендија и Шкупи заврши попладнево во Тетово без голови, додека Вардар ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров.

Во преостанатите три натпревари од денешната програма, Силекс со играч помалку триумфираше на гостински терен против Гостивар, Воска пред своите гледачи ја совлада Брегалница, додека Брера Струмица и Работнички ги поделија бодовите.

Прволигашкото шесто коло ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот меѓу актуелниот шампион Струга и Тиквеш.

Резултати, 6. коло:

Брера Струмица – Работнички 0-0

Гостивар – Силекс 1-2

Шкендија – Шкупи 0-0

Вардар – Македонија Ѓорче Петров 2-1

Воска – Брегалница 2-0.

Табела: Шкендија 13, Брера Струмица 13, Силекс 9, Шкупи 9, Брегалница 9, Тиквеш 7, Воска 7, Работнички 7, Македонија ЃП 5, Вардар 4, Струга 3, Гостивар 3.