Досега продадени 58 отсто од влезниците за ракометното Европско првенство


Два месеци пред почетокот на Европското ракометно првенство во Германија, организаторите соопштија дека досега се продадени 58 отсто од влезниците за турнирот што на 10 јануари во Дизелдорф ќе биде отворен со дуелот меѓу македонската и француската репрезентација. – Пред Божиќ ќе почнеме со интензивна рекламна кампања. Сигурни сме дека ќе имаме полни сали на …

Досега продадени 58 отсто од влезниците за ракометното Европско првенство Read More »

Почина познатиот македонски кошаркар и тренер Јанко Луковски


На 77-годишна возраст денес почина Јанко Луковски, поранешен македонски кошаркар и тренер. Работеше во двата најголеми македонски клуба МЗТ Скопје и Работнички, како и во Борец од Велес. Во средината на 80-те години од минатиот век Луковски беше дел од стручниот штаб на младите категории на југословенските репрезентации. Последните дваесетина години Јанко Луковски работеше во …

Почина познатиот македонски кошаркар и тренер Јанко Луковски Read More »

Столе Димитриевски не дозволи Реал да постигне гол, прогласен за МВП на натпреварот


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар на неговиот тим Рајо Ваљекано и Реал Мадрид. Средбата заврши без победник 0:0, а Македонецот со неколку одбрани го спаси својот тим од пораз. Ова беше шести натпревар во тековната сезона на кој Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“. По 12 кола во …

Столе Димитриевски не дозволи Реал да постигне гол, прогласен за МВП на натпреварот Read More »

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 40 мастерс титули


Новак Ѓоковиќ го зголеми рекордот со освојувањето на седмата титула на Мастерс турнирот во Париз, каде што во финалето го совлада Григор Димитров со 6:4, 6:3. Ѓоковиќ на тој начин стана првиот тенисер кој освоил 40 титули од Мастерс 1000 серијата. Ова е негова шеста АТП-титула оваа година, со што ќе го зголеми водството во …

Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 40 мастерс титули Read More »

Холандскиот фудбалер Бас Дост колабирал поради воспаление на срцевиот мускул


Причината поради која поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Бас Дост (34) колабираше пред две недели во завршните минути на дуелот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Нејмиген е воспаление на срцевиот мускул, објави синоќа НЕЦ. Напаѓачот на НЕЦ падна на теренот откако истрча спринт на противничката половина во 90. минута. На теренот веднаш втрчаа лекарите на двете …

Холандскиот фудбалер Бас Дост колабирал поради воспаление на срцевиот мускул Read More »

Аргентинска навивачка инвазија во Рио де Женеиро


Повеќе од 100.000 аргентински навивачи се очекува да пристигнат во Рио де Женеиро каде в сабота на „Маракана“ ќе се игра 64. финале во Копа Либертадорес меѓу бразилски Флуминенсе и аргентинска Бока Јуниорс. И покрај фактот дека навивачите на Бока имаат право на 20.000 влезници, јужноамериканските медиуми јавуваат дека во Бразил ќе допатуваат повеќе од …

Аргентинска навивачка инвазија во Рио де Женеиро Read More »

ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови


Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите. Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за …

ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови Read More »

Ралф Шумахер: Место брзи автомобили, во Словенија возам трактори


Ралф Шумахер оваа недела даде интервју за германскиот магазин „Бунде“ во кое, меѓу другото, зборуваше и за својот брат Михаел и за односот со семејството. Од неговата страшна несреќа во декември 2013 година на француските Алпи, малку се знае за здравјето на Михаел Шумахер. Семејството на седумкратниот шампион во Формула 1 се труди максимално да …

Ралф Шумахер: Место брзи автомобили, во Словенија возам трактори Read More »

Барселона заинтересирана за Хименез од Феенорд


 Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез. Според „ESPN“, Каталонците го следат Хименез од неговото доаѓање во Феенорд од мексиканскиот Круз Азул во летото 2022 година. Интересот на Барселона за Хименез се засили во последните недели. Каталонците се импресионирани од брзата адаптација на напаѓачот во европскиот фудбал и го споредуваат …

Барселона заинтересирана за Хименез од Феенорд Read More »

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз


Париз– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз. Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2. Противник на Србинот во третото коло …

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз Read More »

Ја поддржаа Палестина, Селтик им ги укина сезонските билети


  На неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во Глазгов, навивачите на Селтик уште еднаш ја поддржаа Палестина. На трибините имаше голем број палестински знамиња. Поддршката за палестина изразен на овој начин не ми се допадна на клупските челници кои во страв од казна на УЕФА, донесоа драстични одлуки. На најжестоките навивачи …

Ја поддржаа Палестина, Селтик им ги укина сезонските билети Read More »

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година


Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, го потврди домаќинот на Светското првенство во 2034 година.   Првиот човек на ФИФА откри дека домаќин на Светското првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија, откако Австралија се откажа од кандидатурата. „Фудбалот го обединува светот како ниеден друг спорт, а Светското првенство е совршен пример …

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година Read More »

Сензација во Париз, испадна Алкараз од 45. играч на светот


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран веќе во второто коло на Мастерсот во Париз. Подобар од него беше Роман Сафјулин, кој победи со 6:3, 6:4. Шпанецот се врати во натпреварувањето во Париз, откако минатата недела го пропушти турнирот во Базел поради повреда. Алкараз на последниот мастерс во сезоната бранеше 180 поени, но успеа да одбрани …

Сензација во Париз, испадна Алкараз од 45. играч на светот Read More »

Емитување на комуникациите помеѓу судиите и ВАР нема да се пренесува во живо


Извршниот директор на Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ИФАБ), Лукас Буд изјави дека нема да се пренесува во живо дијалогот меѓу судијата и ВАР. – Ми беше дозволено да ја следам комуникацијата на судиите на натпревар за време на прегледот, тоа е прилично хаотична ситуација. Не на негативен начин, но има многу луѓе кои разговараат …

Емитување на комуникациите помеѓу судиите и ВАР нема да се пренесува во живо Read More »

Магичниот Меси ја освои Златната топка по осми пат


Вечерва во театарот Шателе во Париз се одржа церемонијата на доделување на Златната топка во изборот на престижниот фудбалски дневен весник Франс Фудбал, кој традиционално секоја година ги доделува признанијата за најдобрите во светот на фудбалот. Церемонијата официјално започна околу 19 часот, а преголемиот фаворит за Златната топка оваа календарска година Лео Меси ја оправда …

Магичниот Меси ја освои Златната топка по осми пат Read More »

Самарџиев нов тренер на кошаркарите на Работнички


Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го назначи денеска својот поранешен играч Горан Самарџиев за нов тренер на местото на Димитар Мираковски. Самарџиев се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно, кој пред две недели ја раскина соработката со 42-годишниот македонски стратег. Самарџиев во минатото го предводеше Еуро Никел со кој дојде до …

Самарџиев нов тренер на кошаркарите на Работнички Read More »

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години


Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече тригодишна суспензија на сменетиот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, поради бакнување на репрезентативката на оваа земја Џени Хермосо без нејзина согласност по финалето на Светското првенство. ФИФА не објави детали за пресудата на нејзината дисциплинска комисија. Ова тело ги истражуваше наводите поврзани со „прекршување на основните правила …

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години Read More »

Меџик Џонсон е четвртиот спортист кој заработил милијарда долари


Лос Анџелес – Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, стана четвртиот спортист кој заработил милијарда долари, објави Форбс. Изданието го проценува богатството на 64-годишниот Американец на 1,2 милијарди долари. Џонсон го заработи најголемиот дел од своето богатство по завршувањето на неговата играчка кариера. Познато е дека тој поседува акции во три тима од Лос …

Меџик Џонсон е четвртиот спортист кој заработил милијарда долари Read More »

Семејна драма на Пит Сампрас: „Сигурен сум дека мојата Бриџит ќе ја победи болеста“


Пред две децении, еден од најголемите спортисти во историјата, 52-годишниот американски тенисер Пит Сампрас, се повлече од тениските терени. На теренот доживеа неверојатни драми, подеми и падови, па дури мина 286 недели на врвот на АТП рангирањето на најдобрите на крајот од деведесеттите години на минатиот век. Покрај непобитниот талент и посветената работа, важен фактор …

Семејна драма на Пит Сампрас: „Сигурен сум дека мојата Бриџит ќе ја победи болеста“ Read More »

Георгиевски освои сребро во Букурешт


Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Г1 турнирот во Букурешт, Романија. Георгиевски не настапи во финалето поради повреда. – Го откажавме финалето поради повреда и не освоивме трето злато на Г1 за нешто повеќе од еден месец. Се надеваме дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда, информира …

Георгиевски освои сребро во Букурешт Read More »