Самарџиев нов тренер на кошаркарите на Работнички


Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го назначи денеска својот поранешен играч Горан Самарџиев за нов тренер на местото на Димитар Мираковски.

Самарџиев се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно, кој пред две недели ја раскина соработката со 42-годишниот македонски стратег.

Самарџиев во минатото го предводеше Еуро Никел со кој дојде до финалето во плејофот во сезоната 2020/21.

Работнички сезонава имаше неуспешен настап на домашен терен во квалификациите во ФИБА Еврокупот, а во домашното првенство има ефект од три победи и два порази по воведните пет кола.