Пит и Дикаприо на прес-конференција во Кан: Имаме одлична филмска врска


Франција – Холивудските ѕвезди Бред Пит и Леонардо Дикаприо изјавија дека изградиле филмска врска при снимањето на новиот филм на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, додека Тарантино се разгневил на сугестијата на Канскиот филмски фестивал дека ликот на Шарон Тејт одигран од Марго Роби не е доволно примарен лик во филмот. „Беше еднаш во […]

Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Англија- Вилијам и Кејт со 8,9 милиони следбеници, наспроти 8,3 милиони следбеници на Хари и Меган- водат во битката за популарност на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета Втора, во духот на времето, распишала оглас за менаџер за социјалните мрежи. Претходно, Меган и Хари целосно се одвоија од Вилијам и Кејт на социјалните мрежи. Досега сите делеа […]

Тони Зен со нов албум:  „Од изворот на изборот“


Хип хоп артистот Тони Зен, синоќа, во МКЦ клуб и ресторан, го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по […]

Костими за капење за сите: Тоа најдобро го знаат сестрите Грем


САД– Ешли Грем и нејзината сестра Абигеил Грем ги рекламираат новите костими за капење наменети за жени од сите генерации, со облини- Swimsuits For All. Раскошните манекенки позираат под сончевите зраци во новите модели на едноделни и дводелни костими за капење. Самата Ешли учествувала во дизајнот на неколку костими за капење, фокусирајќи се на тропските […]

ЕБУ ја призна грешката: Тамара со „Proud“ е победникот на Евросонг според гласовите на жирито


Европската радиодифузна унија реагираше по грешката на белоруското жири на Евровизија 2019 година. Од таму сега објаснуваат дека навистина се случила грешка и поради тоа резултатите се променети. Според ова, Северна Македонија и Тамара Тодевска со песната „Proud“ се победници според гласањето на жирито. Од ЕБУ ја појаснија грешката и објаснија дека станува збор за […]

Во Хрватска почна судењето на Тони Цетински: Верувам во праведност


Во Општинскиот суд во Пазин почна судењето на пејачот Тони Цетински (49) за сообраќајната несреќа во која на 3 ноември 2017 година во центарот на Ровињ загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани. Пејачот тогаш во еднонасочна улица го прегази Ибрахим кој пијан лежел на патот. Тој се изјасни дека не е виновен, а државниот обвинител тврди дека […]

Бред Пит и Дикаприо од 60-тите: Прв пат глумат заедно само кај Тарантино


Франција/ САД-  Во новиот филм на тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ прв пат глумат заедно Бред Пит и Леонардо Дикаприо. Ѕвездите изгледаат како дел од „хипи Холивуд“ периодот кој се случуваше во Холивуд во времето кое го обработува филмот. И двајцата актери се облечени во облека која би ја носеле ѕвезди од овој период на […]

„Треш фешн“: Ученици ќе изработуваат модни дизајни од отпаден материјал


По осми пат годинава на 23 мај, од 17 часот, во Младинскиот културен центар ќе се одржи „Треш фешн“, настан кој има за цел да ја подигне еколошоката свест на повисоко ниво. Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како организатори велат дека целта е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат […]

(Видео) „Мајко“: Тазе соработка на Гуру Харе и Аки Рахимовски


Гитаристот Гуру Харе и пејачот на „Парни ваљак“ се споија за новата песна „Мајко“. Се запознале на концертот во чест на Тоше Проески во 2008,а по 11 години се роди нивниот заеднички проект –песната „Мајко“, која никого не остава рамнодушен, бидејќи од срце е подарен за публиката. Снимен е и спот. Спотот се снимаше на […]

Принцеза во исти чевли: Кој бренд и е омилен на Кејт за забава на отворено?


Англија– Кејт, војвотката од Кембриџ, освен децата и семејството, има уште едно омилено хоби: чевлите. На забавата на отворево во Бакимгенската палата се појави во розов капут-фустан на Александар Ванг кој го искомбинира со омилените крем чевли од превртена кожа на Џанвито Роси (модел 105) од 700 долари. И во 2016 и во 2017 медиумите […]

Медиумите полудеа во Кан: Бред Пит и Леонардо Дикаприо во елегантни костуми


Франција– Главните ѕвезди на еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино, прошетаа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Медиумите полудеа по Бред Пит (55) и Леонардо Дикаприо (44) кои во филмот играат двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд. Ѕвездите изгледаат како […]

Македонска убавина низ генерации: Катарина, Маја или Сани?


Манекенките Катарина Ивановска, Маја Сашек и Сани Богдановска се  убавиците од новата модна кампања на дизајнерот Игор Марков, во соработка со стилистката и фотограф Јована Зука. По ревијата во март, во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот продолжува со промоција на претставената колекција, трета по ред, низ кампања во која […]

Стинг на Градски стадион со продукцијата од „Егзит“: Најамбициозен проект без гратиси                                             


Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“. Истоимениот, нов албум, излегува задутре, изјави организаторот „Авалон продукција“ на денешната прес-конференција пред концертот на 2 јуни, на Градскиот стадион. -За нас, концертите од светски калибар ни се празници. Концертот на Стинг е досега наш најамбициозен проект, […]

„И(с)згубени“ на Филмски фестивал во Ирска


Кусометражниот филм „И(с)згубени“ – „Mi(s)sing dog“ во режија на Антонио Вељаноски ќе биде прикажан на годинaшното издание на Фестивалот за кратки филмови Фастнет Филм Фестивал што од 22 до 26 мај се оддржува во Скул, Ирска. Филмот ќе има три проекции во официјалната програма на Фестивалот кој важи за еден од најдобрите филмски фестивали за […]

Кан 2019: Енди Мекдауел во креација на нашиот Тони Матичевски


Франција– Актерката Енди Мекдауел (61) , ѕвездата на „ Четири свадби и погреб“ од 1994 година, на црвениот килим во Кан прошета во необична креација на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Матичевски долги години е еден од најпознатите дизајнери во Австралија, а негови креации носат некои од најстилските жени на денешницата меѓу кои […]

Кан диктира трендови и на фризури: Како до едноставен, а елегантен изглед?


Франција– Сѐ е допуштено. И кратка и долга коса, и собрана и пуштена. На црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, холивудските и боливудските дами дефилираат во тоалети, со ефектни фризури кои може да ги копирате за свадби или за матурски. Еве, некои од предлозите.

Скарлет Јохансон, по два брака, се сврши по трет пат


САД– Холивудската актерка Скарлет Јохансон (34) се сврши со момчето Колин Џост (36) од ТВ-шоуто „Сабота навечер во живо“ (СНЛ). Портпаролот на Јохансон, Марсел Паризо, за АП потврди дека двојката се свршила после двегодишна врска, но дека сѐ уште нема датум за свадбата. Парот е во врска од јули 2017 година. Ова ќе биде прв […]

Прв самостоен концерт на „Брука“ во МКЦ


На 28 мај, во Младинскиот културен центар свој самостоен концерт ќе одржат „Брука“ и во рамките на настапот ќе го промовираат својот прв албум „До преѓе“. -Ние од наша страна ќе подготвиме двочасовно музичко, автохтоно, македонско реге, позитивна вибрација и многу изненадувања, а од вас се очекува да дојдете и да уживате во звукот и […]

Кан не може без Моника Белучи: Диор за црвен килим


Франција- Обожавана и од Фрацузите и од Италијанците, Моника Белучи се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во друштво на режисерот Клод Лелуш за премиерата на новиот филм „Les plus belles années d’une vie“. Убавата глумица и во петтата деценија, носеше црн фустан со длабоко деколте од „диор“, додека изгледот е заокружен со […]

Принцот Мајкл од Кент ја омажи ќерка си: Која е бринетата со Хари?


Англија– Британското кралско семејство повторно се собра на свадба. Леди Габриела Виндзор (38), ќерка на принцот Мајкл од Кент, роднина на кралицата Елизабета Втора, се омажи вчера за Томас Кингстон во Виндзор, популарно место за озаконување на врските  на членовите на кралското семејство. Леди Винзор носеше венчаница на дизајнерката Луиз Бекари со огромен шлеп, а […]