Меган Маркл гостин-уредник на британскиот „Вог“ : 15 жени ја слават различноста


Англија- Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ја прифати понудата да биде гостин-уредник во најважното од сите изданија на „Вог“ , септемвриското. Таа ја креираше насловната страна за британскиот „Вог“, како и дел од текстовите  внатре.

Така, првата страна ја красат 15 жени на кои Маркл им се восхитува, обединети под слоганот „Сили на промени“ (Forces for Change), жени кои оставиле некоја трага и кои го смениле светот… Во нејзиниот избор има дами од шоубизнисот, активистки, политичарки…, а на сите заедничко им е тоа што ја слават различноста, се занимаваат со суштински прашања, меѓу кои и климатските промени.

Ова е голем чекор, бидејќи Меган е всушност првиот член од кралското семејство кој воопшто добил шанса да го уредува најпознатото модно списание.

Главниот уредник на магазинот, Едвар Енинфул изјави пак дека, во оваа листа Меган не се ставила самата, бидејќи сметала дека би било претенциозно. Воедно, тој нагласува дека ова е еден од најрадикалните чекори на уредништвото во нивната стогодишна историја, особено имајќи предвид дека се работи за најважното издание во годината.

Реакциите  во јавноста за новата улога на Маркл се бурни. Читателките сметаат дека листата на Меган е недоволно добра и здодевна.

Воедно, се појави и работна фотографија од уредништвото на Меган, за која на социјалните мрежи се појавија коментари дека изгледа како да има 50 години и дека не им е јасно како воопшто е одобрена таа фотографија.