Приватна колекција на висока мода во Метрополитен: Од Валентино до Шанел


САД- Институтот за костимографија на музејот „Метрополитен“ во Њујорк ги отвара вратите за култните модни парчиња висока мода од 80-тите на најголемата приватна колекционерка во светот: Сенди Шраер.Изложбата ќе биде отворена на 27 ноември.

Колекцијата содржи парчиња од Валентино што ги носела експрвата дама на САД Џеки Кенеди до Сребрениот мини-фустан на Твиги на Ројас, подарок од славниот фотограф Ричард Аведон.

Сенди Шрајер од Детроит каде и сега живее, е модна легенда и најпозната како најголема приватна колекционерка на парчиња висока мода во светот. Нејзината колекција содржи 15 илјади модели од Скрјапарели, Шанел, Ланвин, Адријан..