Се сврши екссопругата на Роман Абрамовиќ: Даша најде богат бродосопственик


САД- Русинката Даша Жукова (38) е позната на јавноста по бракот со рускиот милијардер Роман Абрамович, се сврши со грчкиот наследник на империјата за градење бродови, Ставрос Ниархос помладиот (33). Свадбата треба да се одржи кон крајот на годината.

Свршувачката ја прославиле на нејзината роденденска забава во Њујорк, каде што биле поканети многу познати личности од светот на шоубизнисот, како што се Дејвид Бекам, Лив Тајлер, дизајнерката Тори Брч, модни дизајнери зад кои стои брендот „Проенца Шулер“, Џек МекКолоу и Лазар Ернандез, Лорен Санто Доминго, сопственичката на модната платформа, „Мода операнди“ и многу други.

Жукова во август 2017 година се раведе од милијардерот Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, а во брак беа 10 години. Петнаесет години помладата Даша, ќерка на руски магнат, му беше трета сопруга на Абрамович, а во бракот добија две деца.

Веќе на крајот на 2017 година, Жукова беше видена со грчкиот наследник Ниархос на Арт Базел во Мајами, како и на настанот кој го организирал нејзиниот магазин „Гараж“. Жукова и Ниархос заедно биле на венчавката на пријателите, супермоделот Карли Клос и Џошуа Кушнер, брат на зетот на Доналд Трамп.

Врската помеѓу Жукова и Ниархос беше „потврдена“ во јануари лани кога ја минале Новата година заедно со нејзините пријатели во Перу.

Сепак, пет години помладиот Ниархос избегнувал на почетокот на врската да ги фотографираат заедно, па дури и на Инстаграм-профилите на нивните пријатели ретко може да се видат на истата фотографија.