Капетан во Парламентот: Амди Бајрам во морнарски стил


Фото: Б. Грданоски

Политичкото „море“ во македонскиот Парламент ова лето е разбранувано, а вечниот капетан, пратеникот Амди Бајрам знае што е тренд во облекувањето. Морнарска блуза со розов костум , и сино марамче како моден детал.

Некои модни стилови се вечни – без оглед на актуелниот тренд – секогаш ќе се враќаме на оние кои ни се проверени, кои веќе сме ги  прифатиле како најдраги.

Тоа е, секако, морнарскиот стил – толку шик, а во исто време лесен и едноставен за комбинирање. Тука се и неодоливите мотиви на јажиња и сидра, како и златните копчиња какви што имаат капетаните на своите палта.

Го поврзуваме со францускиот шик, поради сеќавањето на морнарските креации на Коко Шанел а денес овој шик најдобро го носат Французите.

Но, секој од нас во некое „морнарско“ парче ќе добие дополнителен моден поен, без оглед дали ќе го искомбинирате со обични фармерки или можеби ќе биде облечен(а) во бело-црвено-сина комбинација од глава до пети . (Л. С.)

Фото: Б. Грданоски