Армани ќе ги облекува спортистите на Олимписките игри во Токио


Италија– Армани, еден од најпознатите светски дизајнери кој ја промени модата во светот, ќе боиде задолжен за изгледот на олимпијците и параолимпијците на Италија за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Спортската облека со потпис на Армани беше промовирана на ревијата на дизајнерот во јуни на Модната недела во Милано.

Џорџо Армани неодамна наполни 85 години и се смета за еден од највлијателните дизајнери во светот кој потпишува и козметика, парфеми и очила за сонце.