„Одмаздници: завршница“ го надмина „Аватар“ и стана филм со најголема заработка во историјата


САД-Легендарниот филм „Одмаздници: завршница“ и официјално го помина филмот на Џејмс Камерон „Аватар“ во заработката.

Девет години „Аватар“ го држеше првото место како филм со најголема заработка од 2.78 милијарди долари, но сега на првото место се наоѓа „Одмаздници“ кој што направи заработка од 2.9 милијарди долари.

Последниот филм од серијалот „Одмаздници“  е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две милијарди долари заработка.

Само во САД, филмот заработил 619 милиони, а во остатокот од светот – 1,57 милијарди долари.

Кулминацијата на 22-те меѓусебно поврзани филмови, четвртиот дел на „Одмаздници“ ја привлече публиката да биде сведок на пресвртницата на ова епско патување. Нашите сакани херои навистина ќе разберат колку е кревка оваа реалност и жртвите што мора да се направат за да се носат со неа.

Глумат: Бри Ларсон, Скарлет Јохансон, Роберт Дауни, Џош Бролин, Крис Хемсворт, Крис Еванс…