ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира против загадениот воздух


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки. „Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот […]

Димитров на сесија во францускиот Сенат


Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска во Париз вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со која што претседаваше Жан-Франсуа Рапен, […]

Груби до Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов со кого разговарале, меѓу другото, и за добрососедските односи, кои се вредност за земјава, но и за регионот. Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, заедно, […]

Арсовски: Нема нов договор и анекс на Договорот со Бугарија


Да ги расчистиме сите дилеми – нема нов договор, нема нов анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.    Одговарајќи на новинарско прашање во однос на македонскиот јазик, Арсовски појасни дека тој е точно заведен токму во овој Договор и додаде оти таму не […]

Јанчев го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Градоначалникот на Кавадарци и екс потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи беше предупреден од  . Протестот требаше да се одржи пред седиштето на ВМРО-ДПМН за актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски да поднесе оставка. Јанчев вели дека ваква одлука е донесена утрово, по консултации со Министерството за здравство […]

Љубе Бошкоски до Мицкоски: Патувам на сопствен трошок, не сум како тебе


Љубе Бошкоски го повика на ТВ дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера од партијата обвинија дека и Бошкоски е дел од советниците на премиерот Зоран Заев, за странски инвестиции, но без резултати. -Христијан Мицкоски, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес. Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во […]

Ангелов: Бугарија не може да ги промени позициите за преговарачката рамка


Бугарија не може да ги промени своите позиции затоа што има декларација на Парламентот и одлука на Влада. Тоа што се говори внатре во ЕУ е проблем на Унијата и тоа е проблем на Брисел, а не наш проблем тука. Ова го изјави бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање  по работниот […]

Османи за Бугарија: Прашањата треба да се отвораат, а не да се ставаат под тепих


Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земи, прашањата треба да се отвораат, а не да се стават под тепих, при тоа треба да се има сензитивност за двете страни. Ова го изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој имаше работен појадок со амбасадорите на Бугарија, Ангел […]

Холштајн: Отворањето на преговорите со Северна Македонија е во интерес на сите


Германската амбасадорка Анке Холштајн  ја реафирмира позицијата на Германија дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за време на нивното претседавање до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. -Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија е […]

Џафери: Постигнавме многу во менување на перцепцијата на граѓаните за законодавниот дом


Работевме и постигнавме многу во насока на менување на перцепцијата на граѓаните за законодавниот дом. Потврда за тоа е и последниот извештај на Европската комисија, во делот за Собрание каде се нотира дека е постигнат напредок во спроведувањето на Стратешкиот план 2018 -2022, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на е-конференцијата за Отворен парламент, Акциски […]

Шахпаска: Ги повикувам експертите за човекови права да конкурираат за избор во Комисијата за заштита од дискриминација


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги повикува сите оние кои се стручни во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата и ги исполнуваат законските услови, да се јават на огласот за избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, кој Собранието на Република Северна Македонија е должно да го објави во рок 15 дена од […]

Хелсиншки бара брз и транспарентен избор на Комисија за заштита од дискриминација


Хелсиншкиот комитет го поздравува усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и бара брз и транспарентен избор на нова, независна, стручна и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација. За таа цел, апелираат Собранието на Република Северна Македонија после стапувањето на законот во сила, во најкус можен рок да објави јавен оглас […]

Заев и Шахпаска го поздравија донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација


Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска го поздравија донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше еден од приоритетите на новата Влада, откако овој Закон претходно во мај беше укинат од Уставниот суд бидејќи бил донесен без потребното мнозинство. Законот инаку беше еден од клучните услови […]

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски


Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Белата палата). Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот ФБ профил. Пред неколку дена, Јанчев најави дека планира да се кандидира за […]

Интензивна дипломатска активност за осигурување на првата Меѓувладина седница со ЕУ во декември


Засилена дипломатска активност на Владата во пресрет на самитите на Европската Унија на кои се очекуваат клучните одлуки за финализирање на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава за веме на германското претседателство, со која и официјално започнува преговарачкиот процес. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од вчера е во […]

Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ, е позитивна на Kовид-19


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19, информираше таа вечерва на својот профил на Фејсбук. „Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и […]

Димитров: Не е лесно да се добие француска поддршка


Француската поддршка во контекст на успешното заокружување на нашата европска приказна годинава, беше централна тема на денешната средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Клеман Бон во Париз. – Принципиелната француска поддршка изразена и преку обновениот […]

Утре во Брисел ќе се расправа за Македонија и меморандумот на Бугарија


Станува сѐ поочигледно дека Бугарија има амбиции да ни напише целосно нова историја до ден денешен   Амбасадорите на ЕУ утре ќе имаат состанок во Брисел кој нема да биде онлајн и на него ќе се расправа за почнувањето преговори со Македонија и во врска со тоа за противењата на Бугарија. Состанокот ќе почне претпладне […]

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите на Спасовски, велат од Владата


По објавата од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека имал позитивен тест за ковид-19, во тек е епидемиолошка анкета за контактите коишто тој ги имал деновиве, по што ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација, велат од Владата. На прашањето за контактите на Спасовски, од Владата ни одговорија дека „сите […]