(Видео) Обраќање на Зоран Заев во кое објави дека Сашко Николов победил на изборите во Штип


Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на  Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник.

Имавме успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот, оцени Заев.

Тој им се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

„Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој  повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството  на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да  – за грижа  одговорност и  стабилност, не  за блокадите, за бојкотот, за лаги, стравови и хистерии. Не дозволува овој  наш народ блокади, кочења и уништувања“, рече Заев.

Сашко Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат. 

ДИК уште ги брои гласовите, но кога се знае дека е обезбеден законски потребниот минимум на излезност Сашко Николов сосем сигурно ќе биде идниот градоначалник, затоа што во досега преброените гласови тој има 80 отсто поддршка.

Обраќања по изборната победа во Штип на претседателот на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар ЉУпчо Николовски и идниот градоначалник на Штип д-р Сашко Николов.