Николоски го нападна Еди Рама, го поистовети со Енвер Хоџа


  Вицепремиерот Александар Николовски, место да одговори денес на прашање од пратеникот  Амар Мециновиќ, што ќе се преземе за огромните цени на станбениот квадрат во Македонија, го нападна албанскиот премиер Еди Рама како некој кому му се „поклонува“ Левица, која пак била најодговорна за урбанистичката криза, бидејќи создавала хистерија околу градењата. Според него, во Македонија […]

Жерновски прашува што ќе прави власта со Груевски ако Орбан изгуби во Унгарија


  Андреј Жерновски ги коментираше реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните промени во СДСМ оценувајќи дека очигледно треба да ги предлиожат лицата што работат за нив, за да тие добијат позитивни оценки. Наедно тој го отвори и прашањето за азилантот Никола груевски, со оглед на очекубвањата дека на 12 април неговиот заштитиник Виктор Орбан може да […]

Меланија нѐ нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја коригирала


  Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата била објаснета како корективна мерка наменета да се почитуваат правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година. За време на нејзините говори на еден настан со висок профил претходно оваа недела, […]

Мицкоски како на „Кликни-суди“, му нарачува предмети на обвинителот Савески


  Новиот јавен обвинител Ненад Савески да ги извади сите предмети кои изминативе години се чувале во фиока и за да се види дали има организиран криминал, порача премиерот Христијан Мицкоски од седницата за пратенички прашања. Тој рече дека лично очекува од Савески и апелира до него да ја открие вистината како поранешната специјална обвинителка […]

За Гаши не е табу да се расправа за гласање со Бадентер во Уставниот суд


Отворањето на Уставот е сензитивна работа и пред сè зависи од договор помеѓу политичките партии, вели претседателот на Собранието Африм Гаши. Прашањето на собранискиот спикер денеска му беше поставено во контекст на иницијативата на Уставниот суд за воведување на институтот уставна тужба, на која неделава стана збор на тркалезна маса во просториите на Судот.Без да […]

Филипче: Со поскапувањата, ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата


Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства, се вели во соопштението на СДСМ. […]

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања


Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.  Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на […]

Филипче: Иницијативите за моја смена се кафеански муабети


Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта. „Сакам јасно да […]

Министерот за нетранспарентност, Муцунски, на разговори во Полска


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Брисел отпатувал во Полска на покана на полскиот шеф на дипломатијата Радослав Шикорски. Тоа го објави со соопштение кое во континуитет го праќа откако е министер –  само ги менува имињата на соговорниците и на државите. Откако во Брисел имаше бројни средби и никој не знае што навистина […]

Бујар Османи ги набрoја достигнувањата на власта за еден ден


  Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи објави листа на достигнувања на власта за еден ден, со порака зар ова не прави да експлодирате! „Само за еден ден: 1. Владата ја намали раководната структура во МВР за 38%, директно погодувајќи позиции каде што Албанците имаа застапеност и влијание на клучни нивоа. 2. Документите покажуваат […]

Сиљановска ја нарече состојбата околу евроинтеграцијата „тешка дилема“


 Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските […]

Албански сојуз е новото име на партијата на Зијадин Села


Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари го доби судскиот спор за партијата и тој е легитимниот претседател, Зијадин Села иако најави дека битката ќе ја продолжи пред Апелацискиот суд, сепак реши неговиот политички субјект да настапува под името Албански сојуз. Тој во интервју за „Лајм“ рече дека луѓето кои се дел од оваа политичка групација […]

Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за пристап до информации пред матичната комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото […]

Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март


  Она што се очекуваше по доаѓањето на Доналд Трамп по втор пат во Белата куќа со македонската редакција на Радио Слободна Европа конечно и се остварува. Таа престанува да работи за една недела, на 31 март. Веста ја објави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Заедно со македонскиот сервис на […]

Марта Кос ги повика земјите на ЕУ да најдат пат за нови членки, откако го отфрлија „обратното проширување“


  ЕУ треба да ги промени своите правила за да овозможи нов бран земји да се приклучат, изјави во вторникот еврокомесарката за проширување, Марта Кос, повикувајќи ги главните градови да ги презентираат своите планови откако ги отфрлија предлозите на Комисијата за поедноставување на процесот. Кос рече дека извршната власт на ЕУ веќе им претставила три […]

ИБНА: Милановиќ како лидер на членка на ЕУ изнесе една од најострите забелешки за проширувањето


Официјалната посета на претседателката на Северна Македонија Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска и нејзините заеднички изјави со претседателот Зоран Милановиќ во Загреб, го обновија вниманието кон застојот на европскиот пат на Северна Македонија, како и кон растечкиот скептицизам околу тоа како Европската Унија го управува процесот на проширување во Западен Балкан, пишува ИБНА во анализата на […]

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјави дека има резерви кон начинот на кој се води процесот на проширување на Европската Унија, оценувајќи дека предложените механизми не се праведни и не се транспарентни. Милановиќ одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Загреб, нагласи дека ставовите на Хрватска кон Македонија […]

Сиљановска за Протоколот: Не може двајца министри да менуваат меѓудржавен договор


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, таа посочи дека е изненадена од најавите дека известителот Томас Вајц вторпат подготвува извештај […]

Владата бара осуда за непрофесионалното однесување на новинарот Невриј Адеми


Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор. Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото […]

Муцунски разговарал за земјоделство во Брисел или за блокираните средства од ИПАРД?


  Во рамките на својата официјална посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствариле, како што тврдат, значајни средби посветени на иднината на земјоделството и руралниот развој во државата. На средбата со Елизабет Вернер, генерална директорка за земјоделство и рурален […]