СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, Трипуновски смета дека ќе биде неуспешна
СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, заради кршење на законите, системска корупција и злоупотреба на службената положба
„Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води“, вели пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, додавајќи дека истата е поддржана од пратеничката група и коалиционите партнери.
Интерпелацијата е поддржана од пратеничката група и коалиционите партнери, со цел да се отвори парламентарна дебата за состојбите во земјоделството и функционирањето на Министерството.
„Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води“, рече Николовски.
Оттаму тврдат дека во изминатите две години земјоделството бележи сериозен пад, посочувајќи на намалени субвенции, укинати програми и недостиг на нови мерки за поддршка.
„Веќе две години земјоделците се жртви на неспособните и криминални политики на Министерството и на актуелниот министер. Наместо политики за развој на земјоделството, наместо повисоки субвенции, наместо да се креираат нови мерки за поддршка, наместо да се креираат нови програми, како што сето тоа го правевме претходно, во овие две години Трипуновски го доведе земјоделството до колапс – од незнаење, неспособност, злоба и со закани и притисоци. Се кратеше на сите страни, од сите програми и од сите мерки. Не само што се кратеше, туку цели мерки и програми за земјоделците се укинати или суспендирани“, велат од СДСМ.
Дополнително, партијата обвинува за случаи на корупција поврзани со институции во ресорот, како и за, како што наведуваат, нарушување на функционирањето на системот.
„ВМРО и Трипуновски го претворија Министерството во своја приватна фирма за бизнис и партиски интереси, за доделување песок и сè она што ним им е битно. За две години не видовме ниту една развојна мерка, но затоа видовме куп криминални скандали под раководство на министерот – сето тоа врз грбот на земјоделците. Долга е листата на факти, докази и аргументи за комплетно неодговорното и криминално функционирање во овој период. Наша обврска е да направиме се тоа да престане и земјоделците да бидат заштитени“, посочи пратеникот.
Прва и главна причина за да поднесат интерпелаци, како што рече Николоски, е случајот кога најблиските соработници на министерот, како директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство беа фатени со рацете во медот, со 50 000 и 100 000 евра мито.
„Ова не се изолирани случаи, туку јасен доказ за воспоставен систем на корупција. Затоа одговорност мора да има и веднаш мора да си замине овој министер, затоа што нема ниту кредибилитет, ниту авторитет, ниту право да ја води оваа институција со притворени и уапсени негови најблиски соработници“, рече Николоски.
На прес-конференцијата посочува дека се суспендирани средства од европските фондови, што негативно се одразува врз земјоделците и развојот на секторот.
„Мегакоруптивниот скандал со европските фондови предизвика најголем срам и бламажа на ниво на Европската Унија. Од најуспешна земја во искористеност на европските средства, особено во земјоделството, станавме земја со суспендирани 128 милиони евра од ИПАРД. Трипуновски прво лажеше дека нема да има последици, па се обидуваше да ги сокрие одлуките на Европската комисија. Денес, со месеци, земјоделците немаат пристап до европските фондови. Од први станавме последни во регионот – со срам, корупција и мито“, додаде Николовски.
Од партијата оценуваат дека актуелните политики довеле до намалување на поддршката за земјоделците и влошување на нивната економска состојба, при што бараат политичка одговорност.
„Трипуновски ја укина авансната исплата на субвенции, мерка што ја користеа 60 000 земјоделци. Ги укина програмите за мали производители и реформата за продажба од куќен праг, преку која беа регистрирани над 4.000 оператори. Се намалија субвенциите за тутунот од 100 на 80 денари, за сточарството од 12 000 на 8 000 денари по крава, како и за пченицата, оризот и речиси сите култури. Истовремено, единствената мерка е насочена кон големите компании. Лимитот на субвенции од 300 000 евра се зголеми на 1 милион евра, за неколку големи фирми, додека малите земјоделци остануваат без поддршка“, вели Николовски.
Од партијата бараат политичка одговорност и сметаат дека министерот Трипуновски нема капацитет, нема легитимитет и нема право да ја води оваа институција.