Филипче се сретна со шпанскиот премиер Санчез во Барселона


 

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за време на конференцијата во Барселона организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, соопшти партијата.

На средбата Филипче и Санчез разговарале за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност.

„Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја
и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина“, вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.