Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.   За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како […]

Ковачевски му даде жолт картон на бугарскиот пратеник Костадинов


  Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија. – Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. […]

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ да заседава за случајот „Онишченко“, повикува Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика собраниската Комисија за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за случајот „Онишченко“ конечно да да заседава за овој случај, а Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана […]

Парламентарните избори ќе бидат во 2024 година, вели Ковачевски


  Северна Македонија ќе има избори во 2024 година, прво ќе имаме претседателски, а потоа и парламентарни избори. На тие избори ќе се случи истото што се случи и во општината Маврово Ростуше, кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната политичка партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи […]

Ковачевски: 2023 е година за економска пресвртница, на нова надеж


  Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва во Тетово ја продолжи серијата граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“. На трибината се обрати и одговараше на прашања на граѓаните партискиот претседател и премиер Димитар Ковачевски. На прашањата што ќе се направи околу постојаните зголемување на цените на храната и енергенсите, Ковачевски посочи дека со оглед […]

Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија


Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми, изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по […]

МНР ги осудува иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов


Министерството за надворешни работи ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов. – Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен […]

Бројот на попишаните Македонци во Бугарија е нереален, вели Стојко Стојков


  Членот на претседателството на ОМО Илинден-Пирин, Стојко Стојков, во разговор за „Локално“ вели дека бројката од 1.143 лица кои се изјасниле како Македонци на пописот во Бугарија не е реална, бидејќи имало граѓани кои се плашат така да се декларираат. И дека Македонци во Бугарија има многу повеќе. „Ова бројка е нереална како и […]

Бугарскиот културно-информативен центар доби нови простории во Скопје (Галерија)


  Со одмерена свеченост Културно-информативниот центар на Бугарија денеска ги отвори новите простории лоцирани во самото срце на Скопје, кај порано познатиот „Ловец“ на улицата „Никола Вапцаров“. Центарот официјално е под надлежност на бугарското министерство за култура.  На отворањето присуствуваа министрите за култура на двете држави, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков. Беше присутен и лидерот […]

Апелацискиот суд ја укина пресудата од 8 години затвор за Мијалков за случајот „Трезор“ 


  На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му е укината првостепената пресуда од 8 години затвор за предметот „Трезор“ во врска со набавката на опрема за следење комуникации од Велика Британија. Година и пол по пресудата на Основниот кривичен суд, Апелацискиот суд денеска соопшти дека „првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, да не се менува Уставот и да се прифатат нивните мерки за економијата


  Предвремени парламентарни избори до пролет, поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот на неприфаќање промени на Уставот и усвојување на предлозите за закрепнување на економијата, се главните барања што ги усвои Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница во Прилеп. „Првото барање е организирање на предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023 година […]

Маричиќ: 2030 е реално време за исполнување на обврските кон ЕУ


  Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на својот Фејсбук профил објави дека 2030 е реално време за спроведување на демократските реформи, одржлив напредок на земјата и постепено вклучување на единствениот пазар на ЕУ. Маричиќ вели дека убава вест доаѓа од Европскиот парламент, кој денеска го усвои Извештајот подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), […]

На пописот во Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица


  За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто […]

Вархеи очекува да бидат пронајдени напаѓачите од Охрид


  „Секој напад врз која било заедница во Северна Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад (на бугарскиот клуб во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (со опожарувањето на клубот во Битола)“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер вархеи, во разговор […]

„Стани Славјанка“ – премиерот ја бранеше министерката од нападите на Ковачки


  Во Собранието се случуваат специфични сцени какви што ретко имало досега, а премиерот Димитар Ковачевски очигледно употребува вокабулар кој може да изгледа несекојдневен. На денешната седница за пратенички прашања, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, го праша премиерот дали ќе ја разреши министерката за одбрана Славјанка Петровска по обвинувањата што самиот тој ги изнесува […]

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови


  Потребни се културно–информативни центри коишто ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваат со европски манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. […]

Ковачевски: АНБ за 20 дена ќе има нов директор


Премиерот Димитар Ковачевски најави денеска дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за 20 дена ќе добие нов директор, кој ќе дојде на местото на досегашниот Виктор Димовски. Премиерот, сепак, не сподели повеќе детали од вчерашната затворена владина седница на која АНБ реферираше за случајот со Онишченко, со образложение дека тоа е спротивно на законот, ниту […]

Пучот во Левица се случи пред претседателските избори во 2019, тврди активистката Џејлан Велиу


  Прво Бранислав Јовановиќ, а потоа и Џејлан Велиу, дел од поранешното раководство на Левица, објаснуваат како Димитар Апасиев ја презел контролата врз партијата. Сите работи се случувале пред претседателските избори во 2019 година, кога Апасиев предложил да се поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за магазинот на американската левица „Јакобин“ со седиште во Њујорк, […]

Ангел Димитров: Нападот на клубот во Охрид е „брутален чин на омраза“


  Инцидентите како последниот со кршењето на стаклото на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи ние имаме свој научен пристап за решение на проблемите, изјави денеска во Скопје копретседавачот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров пред почетокот на новата средба […]

Протестна нота на бугарското МНР за синоќешниот инцидент со бугарскиот клуб во Охрид


  Амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи, каде што ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јави дописникот на МИА од Софија. Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија […]