Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев


Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата […]

Штајнмајер до пратениците: Не скршнувајте на последните метри


Свесен сум дека патот кон Европската Унија е сè освен лесен, дека довербата и трпението во преговорите ќе бидат оптоварени, но мојата молба до вас пратеници, но и до сите граѓани на Северна Македонија е да продолжите да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри, порача претседателот на  […]

Гир: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда


Ги отворивме пристапните преговори, а во срцето на тие преговори е почитување на законот и спречување на корупцијата, но секако најкруцијално значење кога зборуваме за овие реформи е и Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, по промоцијата на проектот […]

Штајнмаер: Преговарајте со акцент на иднината, не барајте пречки во минатото


 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер порача денес на прес конференција со претседателот Стево Пендаровски дека Македонија и во минатото се соочуваше со посебни услови и оптоварувања во пристапниот процес и дека тој и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се бавеше со нив. „Но, рече Штајнмаер, кога зборуваме сега за пристап во ЕУ […]

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстранува спорните содржини од социјалните мрежи


 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како […]

Пендаровски: Штајнмаер имаше значајна улога за надминување на бугарската блокада


Посетата на еден германски претседател е секогаш важен настан, дури и кога се во прашање најголемите држави во светот, а не пак кога доаѓаат во една мала европска земја како нашата. Иако, тој сигурно не би сакал за тоа многу да се зборува, морам да споменам дека претседателот Штајнмајер имаше значајна улога во напорите да […]

Во Грција се случи незамисливото: Регистриран е Центар за македонски јазик


  Во Грција се случи извонреден настан за афирмацијата на македонскиот јазик што само пре деноколку години изгледаше речиси невозможен. Беше судски регистриран Центар за македонскиот јазик во Грција, што е еден од плодовите на Преспанскиот договор, новото разбирање меѓу двете земји и олабавување на стереотипите и прерасудите на на грчките државни институции. Веста дека […]

(Во живо) Свечен пречек на Штајнмаер во Скопје


Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.  Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Во рамки на […]

Штајнмаер пристигна во Скопје, го пречека вицепремиерот Маричиќ


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. „Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер! Првата официјална посета на претседателот Штајнмаер, после само четири месеци од почетокот на пристапните […]

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО


Од Минхенската лидерска средба, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на НАТО – министерскиот состанок ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична […]

Штајнмаер во дводневна посета на Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Штајнмаер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Во […]

Ковачевски: Мицкоски секое утро проверува што кажал Апасиев


Премиерот Димитар Ковачевски на трибина во велес го нарече лидерот на Левица Димитар Апасиев „агент на хаосот“ кој верува дека, колку  е полошо за земјата – толку е подобро за него. -Неговата цел е да запали оган и да уништи се што е создавано, ете каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската […]

„Доста бараат избори, нека работат нешто во Скопје“, му порача Ковачевски на ВМРО-ДПМНЕ


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш ги отфрли повиците на опозицијата на предвремни избори и ѝ порача да почне да работи нешто во Скопје, каде што има имнозинство и градоначалничка поддржана од нив. Зборувајќи во Тутунскиот комбинат во Прилеп тој направи споредба со 11-години владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и она што му се случува на […]

Порака од Берлин: Ако нема реформа на ЕУ нема да има ни проширување


  Германија ќе се согласи со пристапување на нови земји-членки само ако овој процес е придружен со реформа на ЕУ со цел да не се загрози способноста на блокот да дејствува, изјави Јерг Кукис, државен секретар во германската влада и главен советник на канцеларот Олаф Шолц на настан организиран од „Еурактив“. Повикот за реформи во […]

Демократски сојуз: Да се преговара за Охридската архиепископија е велепредавство


  Партнерот во Владата, Демократскиот сојуз, вели дека македонско-бугарската историска комисија „не е надлежна  да разговара и преговара  за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование“. Според Демократскиот сојуз, „Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара […]

Некој свесно измислува невистини околу Охридската архиепископија, велат од Историската комисија


  Членовите на македонскиот тим во историската комисија преку соопштение ги отфрлија наводите во одредени медиуми дека на последната средба се разговарало за црковното прашање на МПЦ-ОА. Притоа тие реагираат и на некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. „И покрај јасно искажаните погледи и ставови на […]

Штајнмајер утре доаѓа во Скопје


Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на […]

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ


 На денешниот Петти конгрес на Зелената партија ДОМ, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка, Маја Морачанин. Заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласила дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања. -Политиката на Зелената партија ДОМ не […]

Петти конгрес на ДОМ


Демократската обнова на Македонија денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да бидат реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата. На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24 овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог […]

Ковачевски од Штип: Големината на СДСМ е во државничките политики насочени кон иднината


  Вистинската големина на СДСМ не се само полните сали на трибините кои ги организираме, големината на СДСМ е во државничките политики и во се’ она што оваа партија го има направено за нашата татковина, од независноста до денеска, СДСМ е државотворниот стожер на македонската современа држава и СДСМ е печатот на македонската европска идеја […]