Ратификацијата на Договорот за Фронтекс на собраниска седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 99. седница на која на дневен ред меѓу точките е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на ФРОНТЕКС – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во земјава. Со Договорот, кој е прв ваков договор меѓу Северна […]

Лидерите на партиите на Албанците на средба со Рама во Тирана


Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава денеска се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека денешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех […]

Ковачевски-Агелер: Корупцијата го кочи напредокот на државата


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. На средбата се потврди долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и […]

Проширувањето е на маргините на шведското претседателство со ЕУ


  Има четири клучни теми на кои ќе се концентрира претседателството на Шведска со ЕУ, а проширувањето на блокот не е ни блиску до врвот. Кога во декември новиот шведски премиер на трипартитната малцинска влада, Улф Кристерсон ги претстави приоритетите на Шведска за ЕУ пред парламентот во Стокхолм тој наведе четири точки – безбедност, издржливост, […]

И САД сметаат дека уставните промени треба да се направат што побрзо


  САД го поттикнуваат водството на Македонија и избраните функционери  да работат во интерес на граѓаните што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои ќе овозможат отворање на пристапниот пат кон Европската унија. Ова денеска го изјави американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните […]

Меџити ја искритикува злоупотребата на видеото со Ахмети


Изет Меџити, еден од лидерите на фракционерската „огнена група“ во ДУИ, ја искритикува снимката на која лидерот партискиот лидер Али Ахмети пее во канцеларијата. Според Меџити, тоа е обид за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем и е  бесрамна злоупотреба на имиџот на Ахмети. Според Меџити ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците […]

Гир ги гледа изборите во 2024 година


 За Северна Македонија фокусот во 2023 година мора да биде на реформи. Реформи кои пред се и над се ќе бидат на барање на граѓаните и на нивните интереси. Патот напред, темпото на тие реформи и напредокот кон ЕУ сега зависи од вас. Сега е моментот кога треба да се надоврзете на оној поттик којшто […]

Николоски: Проблемот со Бугарија го загрозува националното самоопределување


Ако нешто во моментов ги загрижува граѓаните и нешто е причина граѓаните да размислуваат и да ја напуштат државата, мислам дека во моментов најзначајната причина е високо распостранетата корупција и криминал кои што не ги има само на високо ниво туку за жал се спуштени и на најниско можно ниво. Нема институција, нема сектор каде […]

Ларсон Јаин од македонското Собрание: Реформите се клучот за одење напред кон евроинтеграциите


Во однос на проширувањето на Унијата пораката на ЕУ беше јасна повеќе од кога и да било – иднината на овие граѓани лежи во ЕУ. Ние ќе бидеме посветени да ви посакаме добредојде во Европската Унија. Геополитичката реалност донесе нови предизвици. Меѓутоа, бенчмарковите мора да се исполнат. Северна Македонија се покажа како добро подготвена и […]

Разговор на Ковачевски и Зеленски – Македонија ќе ја продолжи воената поддршка на Украина


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. „Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина […]

Османи за „огнените“: Ако коментирам секакви оценки, кога ќе работам!


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги смета за субјективни оценките на преставниците на т.н. „огнена група“ во ДУИ, кои веќе со месеци ги спорат неговите достигнувања, како и на некои други функционери од ДУИ. Според Османи ако коментира секакви оценки, нема да му остане време да работи.  -Проценката за работата на МНР  ја прават […]

Агелер: Борбата против корупцијата останува приоритет, Шоле ќе покрене неколку прашања


Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод почетокот на претседавањето на Македонија со Јадранската повелба, рече дека борбата со корупцијата останува приоритет број еден за американската дипломатија во земјава оваа година и дека за време на престојот во Македонија во среда високиот советник дерек Шоле ќе […]

Османи: Средбата во Тирана е новогодишна, нема потреба од конспирации


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, по денешниот состанок со амбасадорите на САД и на  Јадранската повелба, изјави дека средбата во Тирана, околу која се плетат разни сценарија изминатите три дена кај нас – е новогодишна и без некоја конкретна агенда. -Според моите информации средбата во Тирана е новогодишна со цел  размена мислења за актуелностите во […]

Османи ќе ги претстави приоритетите на македонското претседавање со А5


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година. Согласно агендата, најпрво ќе […]

Холштајн: Уставните промени не се болни за Северна Македонија


  Германската амбасадорка Анке Холштајн деновиве си заминува од Македонија. Куферите ѝ се спакувани, а во ова последно интервју ги пренесе своите очекувања за нашата држава и препораките, бидејќи според неа Германија е ценет партнер во земјата и тоа што ќе каже, наидува на слух и има тежина. Според Холштајн, кога дошла можела да се […]

Дел од албанските партии ќе одат на средбата во Тирана


Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.   Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. Од  ДУИ досега нема одговор. […]

Американскиот советник Дерек Шоле доаѓа во среда во Скопје


Високиот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, заедно со американска делегација во среда ќе допатуваат во Скопје. Тој ќе се сретне со владини преставници и ќе разговара за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопштија од Стејт департментот на САД.  Шоле, кој минатиот месец ја одложи посетата поради ковид, доаѓа со […]

(ВИДЕО) Ахмети им одговори на „огнените“ со песна


  На социјалните мрежи се појави видео во кое Али Ахмети со песна им одговара на бунтовните  од „огнената групa“ во ДУИ. „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од Злото“, пее Ахмети. Претходно, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во Студеничани му порача на партискиот лидер дека не може да го изгори […]

„Огнената група“ од Студеничани ги започна средбите со членовите на ДУИ


Потпретседателот на ДУИ и еден од членовите на „Огнената група“ Изет Меџити синоќа од Студеничани му порача на лидерот на партијата Али Ахмети дека го поддржуваат, но, како што посочи, „да не го гори јорганот за неколку болви“. – Реализацијата и ефикасноста на нашата извршна власт во Владата е под 2 проценти. Ја поддржуваме евроатлантската […]

Како отпорот за внесувањето на Бугарите во Уставот се намали од 80 отсто во летото на 56 сега


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека според сите „мерења на јавното мислење огромно мнозинство, повеќе од три четвртини, се противи на промената на Уставот“, т.е. на внесувањето на Бугарите во него за да може по скринингот да се отвори првото поглавје во преговорите со ЕУ. Дали е тоа навистина така, дали оние […]