Трајанов не гласал за Фронтекс оти имал обврски во партијата


 

Нема ништо спектакуларно ниту сум против договорот со Фронтекс, изјави претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за „Локално“ околу тоа зошто вчера не гласал за ратификацијата на договорот. Едноставно обврските во партијата го спречиле вчера да биде цел ден во Собранието, иако на дневен ред беше реконструкција на Владата. ДС реши да го напушти владиното мнозинство и да замине во опозиција.

„Јас сум за договорот со Фронтекс, но веројатно затоа што имаше повеќе точки и гласање. Јас сум за, но веројатно во моментот не бев присутен поради други обврски во партијата. Интегрално го поддржувам договорот и нема никакви други причини“, вели Трајанов.

Тој вели дека во моментов не размислувале за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. „Ние сме самостојна политичка партија и сега не коалицираме со никого, ниту имаме разговарано на таа тема. Како и сите други партии ќе се подготвуваме за следните избори, кога и да бидат“, рече лидерот на ДС.