Мицкоски застана во одбрана на Алтернатива


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се стави во одбрана на Алтернатива, откако таа излезе од Владата. Тој го оцени прекомпонирањето на владиното мнозинство како „неморален и неполитички“ чин. Според Мицкоски, токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи ѝ да ги продолжи криминалните дејствија, а сега истите тие ја бркаат од владата.

„Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. Ќе потсетам дека по ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.

Минатата недела Гаши и Мицкоски има средба во Собранието. Мицкоски тогаш рече дека тоа било куртоазно поздравување во ходник во зградата на Собранието.