Маричиќ од Брисел: Фон дер Лајен ќе порача дека ќе има „повеќе пари за повеќе реформи“


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделник ќе допатува во посета на Скопје, за да разговараме за потребните и неопходните реформи, за дополнителните средства што треба да ги добиеме како помош од ЕУ, за мотивација за реформите и секако за оние обврски што ни преостануваат, за да ја комплетираме оваа фаза на […]

Николоски: Во Стразбур има најмалку 17 нови тужби од Македонците против Бугарија


Пратеникот Александар Николоски, кој ја предводи македонската пратеничка група во Стразбур, објави дека во Судот за човекови права има барем уште 17 тужби од Македонците против бугараката држава и дека ако бидат прифатени, бројката на пресудиу ќе надниме 30.  -Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, […]

Ковачевски пред пратениците: Шансата за 2030 е неповторлива


  Одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат треба да бидат донесени сега низ демократска постапка во нашето Собрание за да можеме во 2030 година да бидеме земја членка на ЕУ, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска пред пратениците.  „Јас како премиер и СДСМ како партија, како носечки партнер во Владата заедно со коалициските партнери, […]

Џафери ги изброја можните датуми за претседателски избори


Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за можните датуми за распишување на претседателски избори, како и за роковите. Тој сподели три можни датуми за прв и за втор круг од изборите. Според него, од денот на распишување на изборите до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 […]

Во Лондон одбележани 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство


На свечена вечер со концерт во Кралскиот колеџ во Лондон, синоќа беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на нашата држава со Обединетото Кралство, во организација на Амбасадата на Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура. Пред концертот, на кој настапија пијанистот Дино Имери и хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, се обратија министерката за […]

Министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Скопје


Република Северна Македонија и МВР е домаќин на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во рамки на Претседателството на Кралството Шпанија со Советот на Европската Унија, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје. Како што соопшти МВР, на дводневниот форум кој ќе се одржува во Собранието, ќе учествуваат […]

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања


 Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања.  Вообичаено секој последен четврток во месецот во Собранието се одржува седница за поставување пратенички прашања. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.  Пред седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи брифинг со акредитираните новинари. 

Маричиќ се сретна со Вархеи во Брисел


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Тие двајцата разговарале за политичката ситуација во Македонија, за скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година. На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет […]

Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово


 Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата […]

Граѓаните се за ЕУ, но сметаат дека таа е нефер, анкета на „Евротинк“


  Мнозинството граѓани во земјава сметаат дека влезот во Европската унија е добра работа и дека Унијата е најдобра алтернатива за државата, но исто така мнозинството смета и дека односот на ЕУ кон Северна Македонија е нефер, надмен и уценувачки. На денешната презентација на резултатите од спроведената анкета ЕВРОМЕТАР 2023, Димитар Николовски, од „Евротинк“ посочи […]

Мицкоски на средба со Орбан, „купува“ искуства за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот н Александар Николоски  оствари средба со претседателот на пријателската партија, ФИДЕС и премиер на Унгарија, Виктор Орбан. -На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, при што стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката […]

Тупанчевски ја „бранеше“ амбасадорската фотелја во Белград, отчет даваа уште седум други амбасадори


    Членовите на Комисијата за надворешна политика ги разгледуваат денес приоритетите на  новите амбасадори  на Македонија – Андреј Жерновски во Романија, Шпенд Садики во Израел, Јасмин Ќахил во Полска, Сашко Насев во  Кина, Игор Попов во Бразил, Илбер Села во Германија, Џенк Сејфула во Шведска и Пајо Авировиќ во ОБСЕ.  Македонија по неколку години ги […]

Османи до ВМРО-ДПМНЕ: Нека изгласаат уставни измени,па нека бираат термин за избори


Опозицијата има можност да го избере датумот и за претседателските и за парламентарните избори доколку ги изгласа уставните измени – порача министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него можноста за избор што ја даваат на опозицијата е фер понуда од страна на владејачката гарнитура. „ Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да […]

ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција, порача Алиу


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, смета дека ДУИ треба да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција. -Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава, истакна Алиу во синоќешната емисија „Клик плус“.Порача дека неговата партија Алијанса за Албанците како политички субјект воопшто не зажалиле што станале дел од Владата. -Пишман не, само требаше […]

Дијалогот и компромисот се клуч за решавање на конфликтите, рече Заев во Атина


  „Дијалгот, дипломатијата, прифаќањето на аргументите на другиот и компромисот и понатаму остануваат единствените средства за разумно решавање на конфликтите“, со оваа порака поранешниот премиер Зоран Заев им се обрати на учесниците на конференцијата на „Економист“, која што се одржува во грчкиот главен град Атина. Заев истакна дека настанот на „Економист“ се одржува во сенката […]

Срамота е преку медиуми да лиферуваме датуми за редовни избори, вели Мицкоски


  По неколкукратните изјави дека за Македонија било најдобро на 8 мај да се одржат парламентарните избори заедно со вториот круг од претседателските, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека е „срамота е што преку медиуми се договараваме и лиферуваме датуми за редовни избори“. Христијан Мицкоски зборуваше на собирот што го организира неговата партија на долниот […]

Петар Гошев за празнувањето : Испишуваме години на срамот, место на постигнувања


  Петар Гошев, поренешен пратеник, министер и  гувернер на НБРМ порача дека е време да размислиме што ни значат празнувањата поврзани со македонската држава – дали само благодарност кон сите учесници во разните  револуционерни битки за создавање и развиток на македонската држава, или и доказ дека нивните дела се претвориле во инспирација на генерациите по […]

Селаковиќ : Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците


Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска крај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло, јави дописникот на МИА од Белград. Селаковиќ се заблагодари на Владата на Северна Македонија, на градот Куманово, на […]

Меџити знае што претставувал Груевски, за Мицкоски – допрва ќе види


ДУИ продолжува со Груевски, a што претставува тој веќе знаеме. Што претставува новото ВМРО, ќе видиме. Ние не се заморуваме со тоа, како ќе одлучат граѓаните Македонци ние не може да влијаеме. Но, можеме да кажеме дека првата точка на која ќе седнеме да разговараме ќе биде европската интеграција, уставните промени, па потоа за другите […]

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра


Агенцијата за конфискација на имот чека согласност од Владата за лицитација на одземените имоти на поранешниот премиер Никола Груевски. Директорот Дритон Небиу во интервју за Радио Слобондна Европа вели дека во државниот буџет ќе се вратат милиони евра, а поранешниот премиер има и други имоти за кои се уште не е направена проценка. „Имаме и […]