Дали Македонија ќе го подигне нивото на безбедност?


До крајот на месецов, според најавите на претседателот на државата, треба да биде свикан Советот за безбедност на кој ќе се разгледа безбедносната состојба во земјава по последните случувања во Израел и војната во Украина. Првите луѓе на министерствата за одбрана и за внатрешни работи уверуваат дека безбедносната состојба се следи и дека нема реална […]

Спасовски: Груевски може да се врати само во затвор


  „Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во Северна Македонија. За него нема само еден предмет, има повеќе предмети. Нема законско решение кое него го амнестира за сите одлуки кои се донесени за издржвуање притвор ил изатвор, ниту делата за кои се терети може да застарат“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во […]

„Како што кажа Ковачевски така излезе“: Мицкоски се откажа од предвремени избори


  По три години постојани повици за одржување предвремени избори лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, конечно се откажа од таа реторика затоа што веќе нема време да се случат. Сега е фокусиран на предлогот на 8 мај да се одржат двојни избори – вториот круг од претседателските и парламентарните. Тој денеска оцени дека премиерот Димитар […]

Измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју за „Клик плус“ на ТВ21 го искоментира потпишаниот указ за измените на Кривичниот законик и изнесените обвинувања од страна на опозицијата. -Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените […]

Вело Марковски очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата за претседател


  Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата како независен кандидат. Тој ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи, како што информираше денеска на прес-конференција, ќе се собираат согласно законските прописи по распишување на изборите.   Во периодот до избори ќе ја презентира платформата и очекува поддршка од сите граѓани без разлика на […]

Ковачевски: Лајен не доаѓа некому да врши тортура


Посетата на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најавена за крајот на месецот е во рамки на редовната комуникација помеѓу ЕК и нашата држава и никој не доаѓа некому да врши тортура, како што кажуваат од опозицијата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Еден од претседателите во опозицијата кажа дека очекувал некој тортура да […]

Холандскиот амбасадор: Што правите вие, освен што натрупувате изговори за барањата за членство?


  Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција. „Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните […]

Грковска: Во земја како нашата тешко е да се исфрлат тефтерчињата!


  Обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои на овој или на оној начин профитираат од тој наратив и ден денеска се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси кон кои сме насочени и посветени. Директно тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ иако самата Унија е основана за […]

Османи: Живеам само од плата, не мислам дека е за фалење кога политичари велат „не ми е важна платата“


Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера пред новинарите изјави дека тој живее од плата, во контекст на најавата за формираната работна група во Владата, која треба да изготви решение за намалување на примањата на функционерите, особено откако пред седум месеци тие се покачија за 78 проценти. Иако вели дека тој живее само од својата […]

Во Скопје Меѓународна конференција како патоказ за Западен Балкан, Молдавија и Украина на патот за пристапување во ЕУ


Меѓународна конференција на тема „Пошироко европско општество: Важноста на локалното владеење“ во организација на  Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА денеска и утре ќе се одржи во Скопје во просториите на Министерството за надворешни работи. На конференцијата владините претставници, претставниците на локалните власти и граѓанските организации од различни земји ќе имаат можност да разговараат […]

Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан во Скопје меѓу темите на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ


Брисел– Во Луксембург денеска започнува дводневното заседание на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата, на кое една од точките е и подготовката за Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 октомври.  На денешниот прв ден од заседанието, министрите за внатрешни работи […]

Односите меѓу Италија и Македонија зајакнати со нова поштенска марка


Денес во Скопје беше промовирана поштенската марка по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, издадена од А.Д. Пошта на Северна Македонија, на иницијатива на Амбасадата на Италија во Скопје, благодарение и на поддршката од македонското Министерство за надворешни работи. Церемонијата на презентација се одржа во седиштето на Сојузот на […]

Стагнацијата на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ го зголеми кинеското влијание


  Стагнацијата на земјите од Западен Балкан на патот кон Европската Унија го зголеми кинеското влијание во регионот, ова влијание најизразено е во трговските односи, информира Ана Крстиновска една од авторките на публикацијата „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“. Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА, во изјава за […]

Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје на крајот од октомври


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Македонија  до крајот на месецот, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека имало такави најави и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше во посета на Албанија по Самитот на Берлинскиот процес.  Претходно во една телевизиска емисија претседателот Стево Пендаровски изјави дека Фон дер […]

Поранешни и актуелни директори на ФЗО на сослушување пред Анкетната комисија за онкологија


Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска. На денешната седница, која се води од потпретседателот на Анкетната комисија Александар Велјановски, ќе бидат сослушувани и сведоци и експерти, […]

Османи: За нападот на болницата во Газа нема оправдување


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку Твитер го осуди ракетниот напад на болницата во Газа, велејќи дека нема оправдување за таквата постапка. „Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да […]

Османи домаќин на австрискиот покраински министер на Штаерска, Амон


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон. Османи и Амон, најавија од Министерството за надворешни работи, ќе потпишат заедничка декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија) и писмо за намери […]

Камбовски: Во Македонија се оди во затвор со рулет


  Со новиот  Кривичен закон ќе се препорачува парична казна место една година затвор, а казна од 6 месеци затвор нема да постои – најави денес академик Владо Камбовски, кој е дел од работната група која го изработува законот. Тој извести дека работната група во потесен состав го исчистила текстот, дека тој е доставен  до […]

Мицкоски предлага избори на 8 мај. Тогаш и првиот круг на претседателските избори треба да биде во среда


  „ВМРО-ДПМНЕ логично размислува“ – изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски околу можниот датум за одржување заедно на претседателски и парламентарни избори. Како што пред некој ден изјави и спикерот на парламентот, Талат Џафери, и Мицкоски вели дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 […]

Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието


 Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. – Ова е уште еден пример […]