Столтенберг идната недела во посета на Македонија


Ггенералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, идниот вторник ќе престојува во Македонија.
 
Македонија наедно ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот  наредниот ден, 22 ноември, така што генералниот секретар на НАТО  и премиерот  Димитар Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија, Еди Рама,  Зоран Милановиќ, Милојко Спајиќ и  Роберт Голоб.