Низ Скопје ќе возат „мерцедес“ или МАН еко-автобуси


За осум месеци низ улиците на Скопје ќе возат четириесетина еколошки автобуси на произведувачите „Мерцедес“ или МАН. „На 5 јули се отвора тендерот и ќе го добиеме најдобриот понудувач за еко-автобусите. Моите очекувања се дека, од информациите што ги имама од ЕБРД, има два потенцијални добавувачи кои се квалификувани, а тоа се „Мерцедес“ и МАН. […]

Вечерва и утре затворен мостот „Гоце Делчев“


Од 17 до 22 часот денеска и утре, ќе биде затворен за сообраќај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, поради реконструкцијата на мостот, најави градоначалникот Петре Шилегов. „Вечерва го затвораме мостот „Гоце Делчев“ во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада во периодот од 17 до 22 часот, а утре во истиот период во обратниот правец. Мораме […]

Во следните 20 дена ќе се реконструира улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче


Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата „Февруарски поход“ во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов. -Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град. Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена улица „Февруарски поход“ во населбата Ново […]

Билетот за едно возење со автобусите на ЈСП достапен од септември


Билет за едно возење во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје ќе има, и тој треба да го реши проблемот со превозот на туристите, на граѓаните кои инцидентно користат јавен превоз и на оние од внатрешноста, потврдува во интервју за „Независен весник“ генералниот директор на ЈСП Скопје, Кристијан Чушков. Тој појаснува дека постојниот систем […]

Од септември ЈСП ги враќа билетите од хартија за едно возење


Од септември во автобусите на ЈСП-Скопје повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. Градот Скопје треба првично да го одреди цената на билетот, а следи и постапката за тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз.  

Почна реконструкцијата на улицата „Лазар Трпковски“ во Чаир


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Трповски“ во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. – Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. […]

(Видео) Нова водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“


Градот Скопје преку ЈП „Водовод и канализација“, заедно со Општина Карпош, денеска ја почнаа изградбата на новата водоводна и канализациска мрежа на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски информира дека водоводната мрежа е во должина од околу 110 метри со Ф160, додека канализационата мрежа со околу Ф250 […]

Од среда ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 03.07.2019 година (среда). Имено, авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 03.07.2019 година (среда) и на 04.07.2019 година (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција на […]

Во среда и четврток прскање против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 3 и 4 јули, среда и четврток, во раните утрински часови. Терестичната дезинсекција ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до 6 јули (сабота), од 23.00 до 04.00 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, […]

(Видео) Се реконструира улицата „Ѓорче Петров“


Почна реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ на потегот на општинската зграда до бензинската пумпа на Макпетрол. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. – Денеска ja почнуваме реконструкцијата на коловозот на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во должина од околу 1. 500 метри. Градежните работи очекуваме целосно […]

ЕБОР: Скопје и Тирана стануваат еколошки градови


Скопје, главниот град на Северна Македонија и Тирана, главниот град на Албанија, се двата града кои активно бараат нови начини да станат позелени, преку подобрување на квалитетот на воздухот и водата, почисто централно затоплување, поефикасни општински и приватни згради, пошумување или поттикнување на помало користење на приватните автомобили, соопштуваат од Европска банка за обнова и […]

Ќе се пробива нова улица кај трговскиот „Зебра“


  Општина Центар најавува капитални инфраструктурни проекти во текот на летото, односно реконструкција, рехабилитација и изградба на десетина улици и тротоари на територијата на општината на кои, во зависност од потребите, ќе биде направена обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа. Со проектот ќе бидат опфатени улици во населбите Водно, Буњаковец, Дебар Маало, Маџир […]

Се реконструира улицата „Лазар Личеноски“


Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата „Лазар Личеноски“ во централното градско подрачје. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. – По рекордно брзата реконструкција на улицата „Љубљанска“, еве не денеска на една од најоштетените […]

Се разгледуваат уште две алтернативни локации за преселба на центарот за зависници во Кисела Вода


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода, посочувајќи дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации. – Идентификувавме неколку објекти каде би можеле да го префрлиме Центарот. Наидовме на отпор […]

Исцрпени средствата за субвенции за електрични тротинети


Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 12 часот се пристигнати околу 200 барања, информираат од Град Скопје. Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат. Со јавниот […]

Богдановиќ: Ни една нелегална тераса нема да остане во Центар


Кафе-терасата „Шпајз“ во близина на бараките на Општина Центар, денеска работеше, но не дочека да го отвори објектот како што првично беше изграден. Имено, акцијата за отстранување на дивите тераси на кафулињата во центарот на Скопје почна со уривање на цврстата градба токму на „Шпајз“. Денеска, има наредено само маси, под летни чадори, а видливи […]

Нова трпезарија во пунктот за бездомници во Момин Поток


Во рамки на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст кој се наоѓа во Момин Поток во Општина Карпош,  денеска беше пуштена во употреба новата трпезарија која е наменета за граѓаните кои престојуваат во овој објект. Новата просторија која е целосно климатизирана, нуди капацитет за опслужување на 40 лица, околу кои ќе бидат ангажирани и […]

Искористени субвенциите за велосипеди од Центар, продолжува повикот за субвенции за тротинети


Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети. Условите за субвенционирање се следни: секој полнолетен […]

Бесплатни латино танци за аеродромци во Паркот на езерата


Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино танци. Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори. Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина […]

Од денеска аплицирајте за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети


Градот Скопје денеска, среда, почна да дава субвенции на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети и велосипеди. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет, од 01.01.2019 […]