Автобусите на ЈСП нема да возат за викендот


Фото: Б. Грданоски

Автобусите на ЈСП „Скопје“ нема да превезуваат патници за време на викендот, односно во периодот на полицискиот час од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Во истиот период, како што соопштуваат од претпријатието, нема да работат ниту билетарниците и центрите за персонализација.

Од утре, среда, кога стапуваат во сила засилените рестрикции за движење, јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред. Исклучок, како што велат од ЈСП, се линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од четврток, па секој работен ден, сѐ до наредните измени, јавниот превоз ќе сообраќа од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот. Во работни денови, од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.