Во Зоолошката градина донирани средства за дезинфекција и антибактериски гелови

Скопската зоолошка градина доби донација, средства за дезинфекција и антибактериски гелови од компанијата „Алкалоид“.
– Во овие тешки времиња, помошта во превенција од коронавирусот секако ни е најпотребна. Или како што би кажале нашите пријатели од Алкалоид- Здравјето пред се! – соопштија од Зоолошката градина.
Оттаму апелираат до сите граѓани да се придржуваат кон мерките и да се чуваат сите заедно.