МИОА: Не сме виновни за ѓубрето во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Министерството за информатичко општество и администрација денеска преку соопштение информира дека не е надлежно да издава дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“.

-Оттука, демантираме дека вината зошто ЈП „Комуналец“ не се погрижило за хигиената во градот Скопје, за време на викендот е кај МИОА. Го повикуваме раководството, да постапи по насоките од Кризниот штаб на Владата, каде јасно е наведено дека претпријатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192, наведуваат од МИОА.

Фото: Б. Грданоски

Воедно, потсетуваат дека во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат: вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби, како и вработени во сервисни компании како што се ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори и јавните и комунални претпријатија.

-Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена, стои во соопштението на МИОА.