Инспектори ќе откриваат кој фрлил отпад на главната улица во Ѓорче Петров


Вчера во попладневните часови денеска, непознати лица исфрлиле огромен број документи на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје веднаш интервенирале на терен и ги подигнале  расфрланите отпадоци што ќе бидат доставени до Инспекторатот на Градот Скопје, со цел навремено да се откријат и санкционираат прекршителите на Законот за јавна чистота.

„Апелираме до граѓаните на градот Скопје во овој период особено да внимаваат каде и на кој начин го одлагаат својот комунален отпад, затоа што со ваквите постапки значително се зголемува и ризикот од ширење заразни заболувања. Отпадот треба да се одлага уредно спакуван и исклучиво во поставените садови, а не во нивната околина или на други јавни површини, со цел да се спречи евентуалното создавање диви депонии. Само преку правилното постапување со отпадот, ќе го заштитиме сопственото и јавното здравје„ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.