Шилегов: Очекуваме следната недела да се отвори „Лајка“


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека имале мал застој во доопремувањето на стационарот „Лајка“ поради вонредните состојби и епидемијата. – На крај сме таму, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на […]

Исчистени неколку диви депонии во Скопје


Во текот нa денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. „И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. […]

Само во Чаир има 302 активни случаи на корона вирус, Аеродром 118, Бутел 110


Чаир од скопските општини се уште има најмногу заболени од Ковид-19, односно 302 активни случаи, заклучно со вчерашниот ден. Општина Аеродром пак се искачи на второто место со 118 активни случаи. Повеќе од 100 активни случаи на корона вирус во Скопје имаат уште општините Бутел, Гази Баба и Центар. Листата на активни случаи по општини […]

По белите лавови и бели волци во Скопската зоолошка


За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на арктички бели волци, информираа од Скопската зоолошка градина преку Фејсбук. Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец. Белите волци ќе бидат втор вид на […]

(Фото галерија) Скопјани масовно на Водно се враќаа во форма


Колку е драгоцено Водно за скопјани се виде и денес кога илјадници граѓани пешки, со велосипеди или со автомобили си правеа пикник, се рекреираа, се сончаа и повеќето се обидуваа да си ја вратат формата по тримесечното седење дома. -Нема веќе сланина, пиво и свински врат, ветуваше гласно еден од тие со изгубена линија и […]

Реконструирани сите средни училишта во Скопје


Учениците и вработените во средните училишта на Град Скопје имаат можност да учат и работат во подостојни и побезбедни услови од пред две години кога  Град Скопје започна со интензивни реконструкции на сите училишта со цел да се одговори на потребите на секое училиште посебно. Во изминатиот двегодишен период, сите градски средни училишта беа реконструирани […]

Шилегов до ДУИ: Не зборувајте за Обама, туку за неасфалтираните улици во Чаир


Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир, коментираше синоќа на фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов, набрзо откако на скопско Кале осамна светлечката реклама на ДУИ за прв премиер етнички Албанец во Северна Македонија. Во статусот на […]

Град Скопје субвенционира инвертер клими


Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување. Новитет оваа година е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што […]

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината


Општина Гази Баба соопшти дека градоначалникот Борис Георгиевски е згрижен на Инфективната клиника откако му е дијагностициран Ковид-19. Појаснуваат дека поради хронична болка во пределот на бубрезите во понеделникот, по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, Георгиевски бил  на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за […]

Уписите во прва година во средните училишта со проширени термини, поради пандемијата


Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. Како […]

Скопје има фонтана за освежување, не за парички (галерија)


Деца од вчера ја отворија сезоната на капење во фонтаната во центарот на Скопје која прерасна во своевидна атракција меѓу Скопјани и странските туристи. Фонтаната со години наназад во лето, напролет или наесен служи или за освежување или за украс, во неа не се фрлаат парички како во познатата фонтана Треви во центарот на Рим, […]

(Галерија) Погледнете ги фламингата од Скопската Зоолошка градина


Денеска за прв пат, скопјани имаа можност да ги видат фламингата во Скопската Зоолошка градина. Егзотичните птици пред два месеца пристигнаа во Зоолошката, а денеска беше завршено нивното специјално живеалиште. Очекувано, на фламингата најмногу им се израдуваа најмалите, кои и покрај дождливото време беа во посета на Зоолошката градина. Фотографот на „Независен весник“ Борис Грданоски, […]

Почна изградбата на нова водоводна мрежа во Средно Нерези


ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и Општина Карпош почнаа изградба на нова улична секундарна водоводна мрежа низ локалитетот Средно Нерези. Како што информираат од „Водовод и канализација“, со оваа реализација ќе се напушти од употреба постоечката мрежа која е од несоодветен материјал и профил и поминува низ дворовите на постоечките објекти а генерално била градена […]

Најегзотичните птици – фламинга и во Зоолошката во Скопје


Новото живеалиште за фламинга денеска свечено се отвори во Зоолошката градина во Скопје. Во ова живеалиште ќе живеат 15 фламинга кои се едни од најегзотичните птици. Видот на птиците, како што информира на денешната прес-конференција Тина Мицковска од ЗОО Скопје, е големо или розово фламинго, кои се доста распространети птици. Ги има во Јужна Америка, […]

Чаир повторно со најмногу заразаени од Ковид-19 во Скопје


Во изминатите 24 часа во Скопје е евидентиран 131 новозаразен од корона вирусот Ковид-19, со што бројот на активни случаи се зголеми на 960. Вчера во Скопје има и 12 оздравени од Ковид-19, како и тројца починати. Најголем број од новозаразените 14, повторно се од Чаир. Во Чаир е најголема и вкупната бројка на заразени […]

Иселување од студентските домови од 15 јуни до 3 јули


Согласно со протоколот за иселување на студенти од објектите на државните студентски домови, кој Владата го усвои на вчерашната 64-та седница, Државниот студентски дом „Скопје“  соопшти дека иселувањето ќе почне во понеделник. -Процесот ќе започне во понеделник на 15 јуни 2020 и ќе се спроведува во период до 3 јули 2020 година, во работните денови […]

ЈО: Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка​


Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата. Иницијативата за кривично гонење ДКСК ја […]

Денеска се отвора живеалиштето на фламингата во Зоолошка


Денеска ќе биде отворено живеалиштето за фламинга во Зоолошка градина Скопје. Овој проект е изработен со поддршка на градот Скопје и направено е едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. По тој повод ќе се одржи прес-конференција во Скопје ЗОО, точно пред новото живеалиште за фламинга, во 13 часот. На пресот […]

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери


Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител „Молок“ кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. „Никола […]

Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје 


По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови. Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера […]