Поголем дел од Скопје утре без струја


Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Катлановска Бања, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец.

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од улиците Коперникова и Иван Тургењев ( општина Кисела Вода ) дел од корисниците од село Катланово, корисниците од Кочкова Населба, Месна Река ( Катлановска Бања ) корисниците од село Градманци, како и објектите на вентилаторската станица и Оне – Вип. ( општина Петровец )

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од Волково, Новоселски Пат и Стопански Двор. ( општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Иван Козаров од бр.2 до бр.22 и од бр.33 до бр.51, како и корисниците од ул. Доситеј Обрадовиќ бр.3. ( општина Кисела Вода )

– во периодот од 10.00 до 14.30 часот, корисниците од село Бојане. ( општина Сарај )