Карпош субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети


  Започнувајќи од понеделник, 21.03.2022 година, Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање до 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и 30 отсто од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на […]

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар


Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10 часот  ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои […]

„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи


Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата. Претпријатието Дридла дејност обавуваше со стара опрема што […]

Гази Баба субвенционира греење на пелети


Општина Гази Баба објави Јавен повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година. За објавениот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Општина Гази Баба со цел да ги стимулира […]

Цела недела ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Следната недела, од  21.03.2022 (понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Преку сорaботка со ЈП ,,Комунална хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на […]

Се кастреа гранки на паркинзите


Една недена екипи на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, во соработка со  Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, работеа на уредување (кастрење, сечење и кроење) на гранки, грмушки и дива ограда, на повеќе локации т.е. на паркиралишта со кои ние стопанисуваме. Имено, се сечеа гранки и стари и суви дрвја кои претставуваа опасност за околината […]

Следната недела почнува чистењето на линданот од ОХИС


Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде треба да се деконтаминира. – Денеска сме сведоци на завршување на подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот, едно повеќедецениска, жешка еколошка точка, во […]

Дворот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ ќе се реновира со донација од „Топ билд“


Во следниот период целосно ќе бидат реконструирани полигонот и кошаркарското игралиште што се наоѓаат во дворот на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, а фудбалското игралиште ќе добие нов асфалт и тоа со донација од приватна компанија, соопштија од Општина Аеродром. На полигонот ќе бидат поставени вкупно 68 сообраќајни знаци, а целосно ќе се уреди и хоризонталната […]

Бесплатни офталмолошки прегледи за 522 дечиња во градинките во Центар


Во тек се бесплатни офталмолошки прегледи кај 522 деца од најголемите групи во сите три градинки во Центар. Општината и болницата Санте Плус Хоспитал Груп имаат потпишано Меморандум за соработка минатата година но истиот се надоградува, со тоа што прегледите за децата наместо во болница, се извршуваат во градинките. По овој повод градоначалникот на Општина […]

Баз вода дел од Центар


Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат дел од корисниците на улиците „Димче Мирчев”, „Црниче”, „50 Дивизија” и МВР. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Белградска” без број, во кругот на МВР во населбата Водно. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.

Герасимовски: Со изградба на еден објект наместо два ќе има повеќе зеленило спроти Нова Македонија


Општина Центар нема да постапи по ништо околу земјиштето спроти Нова Македонија се додека не добие зелено светло од другите институции, рече денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој гостуваше во утринската програма на телевизија Телма. Герасимовски детално ја образложи постапката која започнала во општината и која завршила со приватизација направена од страна на […]

Зеленилото во Влае да остане


Од иницијативата „Борба за Влае“ сметаат дека на јавната презентација за ДУП за Градската четврт СЗ19 (Влае2) дел од постоечкото зеленило ќе го снема, а на негово место ќе никнат објекти. „По одржаната јавна презентација на ДУП за Градска четврт СЗ19 (Влае 2) минатиот понеделник, сѐ повеќе жители на населбата реагираа на спорниот план и […]

(Фото) Изгореа контејнери во Дебар Маало


Пет контејнери, од кои три целосно, изгореа претпладнево во Дебар Маало во Скопје, во непосредна близина на кружниот тек. Покрај контејнерите, од пламенот е оштетено и едно патничко возило „мазда 6“ кое беше паркирано веднаш до нив. Четири од контејнерите се на скопска Комунална хигиена, додека еден на „Пакомак“ наменет за селектирана стаклена амбалажа.  Како […]

Околината на „Ист гејт мол“ далеку од луксузот на трговскиот


Дежурства на градските комунални редари спроти „Ист гејт“, а поднесени се и четири прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад од страна на Инспекторатот на Град Скопје, информираа од таму. Покрај засилените контроли се организира и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот „Ист гејт мол“, каде што изминатиов период од несовесни граѓани […]

Одбележана 79-годишнината од депортацијата на македонските Евреи


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, во име на Владата, денеска положија цвеќе пред Споменикот на депортирани македонски Евреи, во поранешниот скопски Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи на Градските гробишта Бутел. Со овој чин, Владата се приклучи во активностите […]

Во Карпош има вкупно 256 потенцијални загадувачи


Вкупно 256 деловни субјекти на територија на Општина Карпош, се мапирани како потенцијални загадувачи. На денешната шеста на Советот на Општина Карпош, по претходно елаборирање од страна на стручното лице од Одделението за заштита на животната средина и природатабеше усвоен Извештајот за ажурирање на Катастар на потенцијални загадувачи, кои се наоѓаат на територија на локалната […]

Муцунски на минусни температури им ги уништи засолништата на бездомните кучиња во Аеродром


Здружението за заштита на животните Анима Мунди реагира на одлуката на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на минусни температури да им ги уништи засолништата на бездомните кучиња во населбата, за кои совесните жителите на Општина Аеродром вложиле сретства да ги направат и да им обезбедат засолниште од зимата.   -Наместо да го следи примерот […]

Советот на Град Скопје изгласа 7 милиони денари хуманитарна помош за граѓаните на Украина


  Советот на Град Скопје вчера изгласа Одлука за давање хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари, како израз на солидарноста на скопјани за граѓаните зафатени од воениот конфликт во таа земја. На седницата Советот на Град Скопје го констатира престанокот на мандатот на досегашниот членот на Советот Мартин Попов, […]

ТИТАН Цементарница „Усје“ донира фасада за ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром


Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие целосно нова фасада. Фасадата на зградата на ова основно училиште ќе биде реконструирана со средства донирани од компанијата ТИТАН Цементарница „Усје“ АД Скопје која за таа цел ќе обезбеди 4.446.548 денари или околу 72 илјади евра. Ваквиот проект произлегува од конструктивната соработка на Општината и […]

До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода


Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането […]