Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници


Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат […]

Возрасните, за бесплатно да се возат, да си земат „Скопска“


Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги потсетуваат возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година. Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација. Такви центри има во […]

Интензивно се работи на реконструкција на улица „532” во општина Илинден


Општина Илинден интензивно работи на реконструкција на локалниот пат, улицата „532”, каде во тек е асфалтирање на третиот сегмент од улицата.  Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека динамиката на активностите се одвива согласно основниот проект, а целосната реконструкција на улицата треба да заврши до крајот на […]

Три државни парцели стануваат приватни за нова шесткатница кај „Тифани“


Три парцели кај зградата „Тифани“ во најстрогиот центар на Скопје од државни стануваат приватни со објаснување од Управата за имотно-правни работи дека се работи за дооформување на парцела, пишува А1ОН. Две од трите парцели, според јавно достапните податоци од Агенцијата за катастар на недвижностите, се сопственост на Република Македонија, а една е запишана како сопственост […]

Општина Центар негира дека се продавало државно земјиште во „Треска“


Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“ која, според нив,  по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. -Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се […]

Експресна реакција: Имотите кај „Треска“ се легално купени, „Шанса за Центар“ манипулира


По денешната прес-конференција одржана од страна на „Шанса за Центар“, сопствениците на приватни парцели на локацијата кај „Треска“ реагираа експресно со демант.Според нив нивните имоти на тој простор се легално  купени и „Шанса за Центар“ манипулира.    -Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар остро реагираме на изнесените невистини […]

Дали „Треска“ ќе стане новиот Холидеј ин?


Советничката група „Шанса за Центар“ ги повика граѓаните да бидат будни бидејќи, според нив, можни се несакани случувања поврзани со градежните активности на просторот на фабриката „Треска“. „Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката  Треска на […]

Се кастрат дрвја низ Кисела Вода


„Паркови и зеленило“ информираа дека во рамки на големата акција за чистење на Скопје, почнувајќи од Општина Кисела Вода изминативе три дена,  екипи од ова претпријатие работат на собирање на лисја, косење на тревниците, собирање на искосот, кроење на грмушки, чистење на зелените површини од отпадоци и смет, а се изврши и кастрење и сечење […]

Општина Аеродром со јавен повик за финансиска поддршка на спортот


Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 годиназа доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината. Финансиската поддршка е поделена во пет категории и тоа за: спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината, за организирање […]

Град Скопје со европски пари ќе рециклира градежен отпад, Струмица ќе прави велосипедски патеки


Со 600.000 евра евроопски пари, Општина Тетово ќе ги дигитализира услугите за граѓаните, со 750.000 евра пак Општина Струмица ќе гради велосипедски пари. Градоначалниците на 19 општини денеска потпишаа договори со Европската унија за поддршка во висина од 5,5 милиони евра од програмата „ЕУ за општините“ и 10,7 милиони евра за прекугранична соработка со Албанија. […]

Од петок почнува бесплатниот превоз за повозрасните


Од петок  започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на  жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела. Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои […]

Се чисти депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“


Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица Мајка Тереза, спроти Клиничкиот центар. Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на […]

Пролетна акција за собирање електронски отпад во Општина Аеродром


Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ реализира бесплатна пролетна еко-акција за собирање електронски и електричен отпад од домаќинствата и компаниите на целата територија на општината. Граѓаните и правните лица можат секој ден да се јават на еколонијата 070 236 000 и да ги пријават непотребните електрични и електронски уреди за преземање од прагот на […]

Се подготвуваат за пуштање фонтаните во Аеродром


Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните во сите паркови за нивно пролетно пуштање во употреба. Наскоро вода ќе бликне во фонтаната „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, паркот „Бојмија“, како и од други фонтани низ целата територија. Службите интензивно работат […]

Арсовска: Владата прифати да разговара за високите сметки за струја на општините


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека добиле одговор од Владата дека ќе има средба со претставници на ЗЕЛС на која ќе се разговара за проблемите со високите сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи. – Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека […]

Арсовска не знае кога ќе биде пуштена улицата „Есенинова“, готова од октомври лани


  Улицата „Есенинова“ која ги поврзува Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром во Скопје со години се најавува како добро решение за растоварување на сообраќајот, но и како трето поврзување на овие две општини, сепак, градоначалничката Данела Арсовска не знае кога ќе биде пуштена во употреба, иако е […]

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја […]

„Маалска дружба и борба за Влае“ утре на плоштадот „Делфина“ во Влае


Иницијативата „Борба за Влае“ за утре (недела) од 11 до 14 часот на плоштадот „Делфина“ организира „Маалска дружба и борба за Влае“. Оттаму велат дека граѓани ќе се соберат за да го искажат незадоволството од планираниот детален урбанистички план за Влае 2, за кој велат дека опфаќа узурпација на државно земјиште од приватни инвеститори на […]

Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи отпад од кејот на Вардар во Аеродром


Повеќе од 30 вреќи цврст отпад е собран во денешната акција за чистење организирана од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ Скопје во соработка со општина Аеродром. Во акцијата, во која учествуваа 40 извидници на возраст од 8 до 22 години, со помош на вработените од ЈП Комунална хигиена, е исчистен и кејот на реката Вардар, од […]

Aсфалтирани патеките на булеварот „Видое Смилевски Бато“


Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ спроти маркетот „Жито“, во општина Аеродром во насока од булеварот „Февруарски поход“ кон булевар „Србија“. На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. […]