Марјан Митовски назначен за нов В.Д. директор на „Водовод и канализација“


Фото: Б. Грданоски

Откако вчера соопштија од Град Скопје дека директорот Златко Перински е разрешен од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер назначен е нов директор Марјан Митовски.

Oд Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, потврдија дека Марјан Митовски е назначен за нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Исто така, на местото на разрешениот генерален секретар на Градот Ѓоко Велковски, назначен е Зоран Глигоров, кој досега ја извршуваше функцијата шеф на кабинет на Арсовска.