Градоначалникот на Гази баба ќе ги спречува тепачките во автобусите на ЈСП


Фото: Б. Грданоски

Во последните неколку дена, во автобусите кои поминуваат низ Ченто, Синѓелиќ до Стајковци се случиле инциденти, односно тепчаки меѓу млади луѓе, поради што градоначалникот Бобан Стефковски го свикал Советот за превенција.

– Изминатите неколку денови во континуитет се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци.
Во инцидентите се повредени ученици, деца жители на тој дел од Општина Гази Баба.
Како градоначалник, а вооедно и претседател на Советот за превенција на општина Гази Баба закажав седница на Советот за 19.09.2022 година (понеделник) на која се поканети преставници од Месната заедница Сингелиќ и Месната заедница Стајковци како и преставници од надлежни институции кои по функција се членови на Советот. На таа седница ќе предложам мерки и заклучоци за надминување на состојбата – пишува Стефковски на фексбук.
Информира и дека се сретнал и со преставници на Месната заедница Стајковци на која ги информирал за преземените дејствија од негова страна, а со цел превенција од вакви случувања во следниот период.

– Утрово испратив допис до Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во кој побарав зголемено полициско присуство во критичниот период на полициски службеници во самите автобуси на ЈСП Скопје. Јавно апелирам до младите но и нивните родители да се разговара и вакви случувања во иднина да не ни се повторуваат. Вооедно апелирам и до Министерството за Внатрешни работи да превземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани но што е и најважно превенција од идни вакви и слични немили настани – вели Стефковски.