Нема повредени во бараките што гореа, ќе се испитува чие е земјиштето


Пожарот во бараките кај „Билната аптека“ е локализиран, а во него е причинета материјална штета и нема повредени.

Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, нема повредени лица во пожарот.

-Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари, нагласи Томевски.

– Ќе се испитува чие е земјиштето и градбите каде што избувна пожарот кај Рампа, рече градоначалникот на Општина Центар – Горан Герасимовски

Според првичните информации, во тие бараки имало населено ромско семејство.

-Имаме информации дека семејството неколку месеци било присутно во бараките, првичните информации кажуваа дека имало деца внатре за време на пожарот, но од МВР велат дека немало никој. Ова е трет пожар од кога сум градоначалник и за трите пожари причината за настанување е една – диво вселени граѓани, кои се причинители на самиот пожар – истакна Герасимовски.

Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран.

Градоначалникот Герасимовски, додаде дека дополнително во текот на денот, Општината ќе се прозинесе кој е сопственикот и на бараките и на земјиштето, каде што избувна пожарот.