Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода


Советот на Град Скопје на  денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“, општина Кисела Вода. Проектот  ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода. Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот […]

Пожар во една од бараките на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода информира дека денеска околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Од Општината велат дека пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице […]

Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае


Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот […]

ЗЕЛС даде рок од седум дена за Владата да се разговара за решение за локалните проблеми


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на 5-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на која се разговараше за проблемите со кои се соочија македонските општини поради актуелната енергетска криза. На средбата ЗЕЛС донесе заклучок да и даде на Владата рок од седум дена за одговор […]

Општина Аеродром ќе донира 2.500 евра за украинскиот народ


Осудувајќи ја ја агресијата врз Украина и изразувајќи солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина Општина Аеродром одлучи да му донари 150.000 денари (2.500 евра) на украинскиот народ.  за оваа донација одлука донел Советот. Во соопштението на Општина Аердором, сепак, не се […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија го регистрирала земјотресот во 9 часот и 48 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри од каналската мрежа во општина Илинден


Редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали e еден од приоритетите на Општината во насока на овозможување непречен проток на атмосферските води, со цел спречување на  настанување поплави и  обезбедување на чиста животна средина како еден од условите за квалитетен живот на населението. Во н.м Кадино  е  извршено машинско чистење на канал Шамак […]

Во кое својство Мицкоски преговарал за набавка на автобуси за Град Скопје?


СДСМ реагираше денес на најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, дека во  разговарале за набавка на 100 автобуси на електричен погон за да се модернизира градскиот превоз во Скопје.     „Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје? Како преговарал Мицкоски […]

Екипите на Градот Скопје и „Комунална хигиена“ го расчистуваат снегот


Во координација со Градот Скопје, екипите на ЈП „Комунална хигиена“утринава започнаа активности за расчистување на нападнатиот снег, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје работат со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, додека од механизацијата […]

Се расчистуваат паднати дрвја на повеќе локации во Скопје


По обилните снежни врнежи екипите од секторот „Дрвореди“ во текот на целата ноќ работеа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации низ градот. Предност во расчистувањето имаат дрвјата паднати врз коловози заради обезбедување на непречено одвивање на сообраќајот. Екипите досега интервенираа на ул. „Цицо Поповиќ“ бр 5 , ул. „Мирослав Крлежа“, бул. […]

Чистење на пешачките патеки на градските улици и булевари


Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните.  Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот  по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во централното градско подрачје на булеварите „Кочо Рацин“, „Партизански одреди“, „Илинден“, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува […]

Со расфрлани 30 тони сол и три возила се расчистува снегот во Општина Центар


По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината. Со 3 возила, меѓу кои и соларка, се расчистуваа сите критични сообраќајни точки во општината, особено во Мало Курило и подножјето на планината Водно. […]

Снежна Прочка во Скопје


Цела зима главниот град едвај да виде снег. Малку на Водно и на Скопска Црна Гора и во далечините на Китка и Шара, но во градот, снегот само срамежливо се покажа. Затоа пак, ноќва наврна доста снег, па скопјани побрзаа да прошетаат во парк, да му се израдуваат на снегот, а и да се надишат […]

Од снегот, се чистат улиците во Кисела Вода


Улиците во Општина Кисела Вода во Скопје се чистат од наврнатиот снег деноноќно, иако како што велат од таму, март секогаш знае да биде временски променлив, тие се спремни да одговорат на секој предизвик. – Со екипите на зимската служба дежурни сме цела вечер, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово […]

Расчистени улиците на повисоките места во Гази Баба


  Улиците на повисоките места во Општина Гази Баба се расчитени, информира градоначалникот Бобан Стефановски, кој утрово околу 4.30 часот направил обиколка на повисоките населени места. Главните улици во Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Брњарци, Железара и Ченто во текот на ноќта во три наврати беа исчистени и им беше фрлена сол и ризла. По […]

Без вода дел од населбата Ново Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на булевар „Видое Смилевски Бато“ број 15 прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на ниска зона на овој булевар од броевите 1 до 55 во населбата Ново Лисиче. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 15:15 часот и ќе трае до […]

Прекинато водоснабдување кај дел од корисниците во општина Центар


Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 300 милиметри на плоштадот „Македонија“ до кафаната Пелистер прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ на потегот од портата „Македонија“ до плоштад „Македонија“,  како и дел од улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Реконструкција на улицата „Перо Наков“


Градот Скопје целосно ќе ја финансира реконструкција на улицата „Перо Наков” во Гази Баба, а за таа цел беше потпишан договор меѓу градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „На барање на граѓаните од заедниците „Кирил Петрушевски“, „Триангла“ и „Маџари 1“, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Градот […]

Обновени оштетените клупи во Градскиот парк


Град Скопје и екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“  ги обновија оштетените  клупи  во првиот дел на  Градски парк околу езерцето. Дел од овие клупи пред неколку недели од непознати сторители беа оштетени, откорнати и фрлени во езерцето.  Од Градот упатуија апел до сите корисници на паркот да не фрлаат отпадоци на зелените површини […]