Скопје во знакот на магијата на светлосната уметност- почнува „Скопје лајт фестивал“


Од вечерва започнува петтото издание на фестивалот на светлината Skopje Light
Festival-  културно-општествен настан на кој светлосни дизајнери и уметници по петти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност.

Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.
На 5-то издание учество ќе земат авторите: Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран
Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев,Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска,
Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев. Исто така, ќе
имаме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” со 18
проекции на анимации изработени за време на училишните часови.
Со своја инсталација ќе се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната
институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ќе
ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци
Стојановиќ.
“Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во
прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e сведен на само
2 дена, сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална
потрошувачка, а граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат во ова културно збиднување
исто како сите граѓани на големите европски метрополи, кои и во овие моменти на
енергетска криза ги одржуваат фестивалите во полн сјај, дополнително со темата
рефлексија ќе се постигне максималниот светлосен ефект преку помалку извор“, велат од организацијата.