Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски во Гази Баба за Денот на независноста


Општина Гази Баба, во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија организира голем музички настан.

Натстанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда.

На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.

-Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија! Ги повикувам сите жители на општина Гази Баба, Скопје и цела Македонија на  сенароден собир во чест на независноста на Македонија! Честа да бидам покровител на еден ваков настан за мене е голема, но уште поголема е одговорноста бидејќи Македонија ја слави независноста. Овој голем настан ќе прерасне во една традиција која и доликува на Гази Баба. За нашата Македонија!, напиша Стефковски на својот фејсбук профил.