Викендов ќе се прска против комарци


Градот Скопје извести дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши дезинсекција против ларви од комарци.

Притоа, како што соопштија, ќе се врши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, што ќе се реализира на 03.09.2022 (сабота), во раните утрински часови, како и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, што ќе се реализира на 03.09.2022 (сабота), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се вели во соопштението при што се порачува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.