На 14 професори во едно училиште пратен мејл со дојава за бомба


Денеска,  во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нови дојави за бомби во скопски училишта


Учениците од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ денеска биле евакуирани, откако пристигнале дојави за бомби, објавија медиумите. Продолжуваат заканите за експлозивни направи, откако и минатата недела имаше пријави на повеќе локации низ Скопје за бомби. Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Граѓаните алармираа за оштетен потпорен ѕид на Кале, но ненадлежни се и општината и градот


Екипи на Општина Центар извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата „Лазар Личеноски“ на Кале за кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, стигнале предупредувања од граѓани дека може да се сруши. Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои водат од улицата „Лазар Личеноски“ до локацијата на Француски гробишта […]

Платете ги заостанатите сметки за „Водовод“ без камати и на рати


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека од утре, 15.02.2023 започнува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.  Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 15.02.2023 заклучно до 31.03.2023.  – Ги повикуваме сите корисници кои […]

Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“


Утре, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела […]

Без вода дел од Козле и реонот околу Млин Балкан


Без вода денеска ќе бидат делови од скопските насеби Козле и Центар, во реонот околу поликлиниката Идадија (Млин Балкан), информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 147 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улиците „Јуриј Гагарин“, […]

Без вода дел од Припор


Поради уличен дефект Ф-80 мм на ул.Христо Татарчев бр.75, без вода утрово од 08:30 часот се корисниците во дел од населбата Припор. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Град Скопје го нарече дегутантно и срамно тврдењето дека им пречи хуманитарниот камп


  „Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција и уплати парични средства за помош на Сирија […]

Се реконструираат улици во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода


Од утрово се реконструираат улици во населбата 11 Октомври. Општина Кисела Вода соопшти дека нов асфалт ќе добијат улици на кои немало никаков зафат 60 години, а се користат интензивно бидејќи се во централното и најгусто населено јадро на општината. -Асфалтирани ќе бидат улицата „Ѓорѓи Сугаре” со сите нејзини краци и кракот на улицата „Михаил […]

Општината, утринава, ги отстрани „дивите“ препродавачи кај Зелен пазар


Без хаос и диви препродавачи на Зелен пазар утрово. Продолжуваат контролите се до конечно искоренување на проблемот кој ги засега жителите на овој реон, напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на Фејсбук.    Секоја година, општинските власти заедно со инспецијата и полицијата отстрануваат тезги кои се наоѓаат во поширокиот круг околу Зелениот пазар во […]

Гази Баба со субвенции за струја за социјално загрозените и пензионерите


Општина Гази Баба има нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани од Општината. Градоначалникот Бобан Стефковски го објави пакетот, а станува збор за исплаќање парична помош за социјално загрозените граѓани погодени од енергетската и од финансиската криза, како месечен надоместок за јануари и за февруари 2023 година. – Во социјалниот пакет се опфатени […]

Најголемото училиште во Аеродром станува целосно инклузивно


Основното училиште „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во Општина Аеродром и Македонија, станува целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Со инвестиција од речиси 4 милиони денари од буџетот на општината и донација од општествено-одговорна компанија, училиштето ќе биде соодветно опремено за целосна инклузија на сите дечиња. Откако во изминатиот период училиштето […]

„Ало автобуска, немате сајт“ – Македонскиот автобуски превоз заглавен во минатиот век


Во држава во која не постои доверлив патнички железнички сообраќај, единствен начин економично да се патува од еден до друг македонски град е со автобус. Но, во 2023 година, кога сите информации се на интернет, во С. Македонија не може да се купи автобуска карта онлајн, а најголемиот број автобуски станици низ земјава немаат ниту […]

„Љубовта се множи кога се дели“: Базар на современи креации за Денот на вљубените во Сити мол


Утре, во 10 часот се отвора голем Љубовен базар на уникатни уметнички креации во пресрет на Денот на вљубените, во организација на Скопје Сити Мол. Базарот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 11 до 14 февруари. Повеќе од 20тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи. Со максимата „Љубовта се множи […]

Без струја делови од Сопиште и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Карпош.  Како што информираат од РЦУК – Скопје, без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од село Добри Дол, дел од село Ракотинци, ТС Хербаленд во општина Сопиште.  Во период од 10:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат […]

Ангелов повторно на мостот во Визбегово – опасност се коцките


Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мостот, […]

Ленин: ЈСП ќе направи сè за да го одложи судењето за долгот од милион евра


Одложено е рочиштето од судењето по тужбата од „Слобода превоз“ против ЈСП за долг од милион евра, а причина за тоа е барањето на јавното претпријетие кое вели дека не е завршено вештачењето. Судот го прифатил барањето на ЈСП, по што следното рочиште го закажа за април. „Очекувавме вакво нешто. Од ЈСП прават сè за […]

Петнаесет средни училишта добија вело-паркинзи како донација од Стопанска банка


Петнаесет средни училишта во Скопје изминатиот месец добија паркинзи за велосипеди како донација од Стопанска банка АД – Скопје. Проектот за опремување на средните училишта со паркинзи за велосипеди со поголем капацитет е продолжение на донациите кои Стопанска банка ги реализира во соработка со Град Скопје како резултат на организацијата на шестото издание на „Вози […]

Општина Центар со 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија


На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија. Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот […]

Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“


 Храна за 75 бездомници, топла облека, витамини, прекривки, постелнини, чаршафи, вреќи за спиење, перници, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца, донираше Здружението на жени менаџерки „Елит“ во пунктот за бездомници „Момин Поток“.   -Секоја подадена рака значи почит и достоинство кон секој човек, затоа што само човек со достоинство е човек, порача претседателката на […]